Галоски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Галоски
Родено имеАлександар Галоски
Роден(а)28 февруари 1991 (1991-02-28) (31 г.)
Тетово, СФРЈ СФР Југославија (денес Македонија)
Жанрови
Занимања
  • диџеј
  • продуцент
  • музичар
  • ремиксер
Инструменти
  • тастатура
  • миксета
  • синтисајзер
Период на активност2007–денес
Издавачи
Мреж. местоgaloski.com

Александар Галоски (уметничко име Галоски; р. 28 февруари 1991) — македонски диџеј и продуцент.

Кариера[уреди | уреди извор]

Во текот на неговата кариера има потпишано повеќе музички изданија за издавачките куќи: Spinnin Records, Armada Music, чиј сопственик е холандскиот диџеј и продуцент Армин ван Бурен, Universal Music и други.[1]

Музиката на Галоски во текот на кариерата била поддржана од артисти како Давид ГетаДимитри Вегас & Лајк Мајк, Афроџек, Авичи, Хардвел, Стив Аоки, Ники Ромеро и Фед Ле Гранд.[2]

Тој редовно учествува на сите поголеми домашни и меѓународни музички настани. Во својата кариера имал настап и на реномираниот Ултра Фестивал, кој се одржува во Сингапур.[3]

Во 2018 година Галоски имал настапи во повеќе земји ширум светот.[4]

Во јануари 2020 година според страницата за плејлисти 1001tracklists.com, темата „Make That Body Move“ била номиниранa и одликуванa како најподдржанo издание.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Галоски рамо до рамо со Армин ван Бурен“. Убавина и здравје. Архивирано од изворникот на 2019-06-16. Посетено на 2020-02-03.
  2. „Музиката на Галоски поддржана од суперстар диџеите Дејвид Гета и Ники Ромеро“. Zazabava.com. 2019-01-21. Посетено на 2019-06-16.
  3. „Галоски испишува историја за електронската музичка сцена во земјава“. Srekja.mk. 2018-06-11. Посетено на 2019-06-16.
  4. „Македонскиот диџеј ГАЛОСКИ го распродаде V2 еден од најпознатите клубови во Токио“. Женски Магазин (англиски). Посетено на 2019-06-16.
  5. "MAKE THAT BODY MOVE" на Галоски е најподдржана трака од светските суперстар диџеи!“. Слободен печат. 2020-01-11. Посетено на 2020-02-03.