Тим Берглинг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Avicii
Изведба на Авичи во Карикмор во 2012.
Животописни податоци

Тим Берглинг (шведски: Tim Bergling, роден 8 септември 1989 - 20 април 2018),[1], професионално познат како Авичи (Avicii), е шведски DJ и музучки продуцент. Авичи во 2011та година беше рангиран на 6 место на топ 100 листата, за да таа позиција во 2012 ја замени со бр. 3.

Кратка Биографија[уреди | уреди извор]

Тим Берглинг е роден на 8 Сепмтеври 1989 во Стокхолм, Шведска. Тој започнал со правење на ремикси, и создавање на свои сопствени траки на возраст од 18 години во својата соба. Неговите пријатели го убедиле да ја постави неговата работа на разни блогови на интернет, што доведе до стекнување на голема популарност меѓу публиката и поддршка од продуцентот и ДЈ Тиесто кој го покани на еднонеделен престој во најголемиот ноќен клуб Privilege, во Ибица. Исто така, тој доби поддршка и од Пит Тонг кој издаде неговиот прв сингл Manman. Во Мај 2008 година, Авичи потпиша договор со Аt Night менаџмент.

Влијанија[уреди | уреди извор]

Авичи изјави дека на него влијаеле Basshunter,[2] Тиесто, Леидбејк Лук, Ерик Прајдз, Арманд ван Хелден, Дафт Панк, Себастиан Ингросо, Стив Ангело и Аксвел. “Јас отсекогаш сум бил во музиката, растејќи со своите постари браќа и сестри. Јас исто така имав и многу различни влијанија кога доаѓа збор за мојот вкус на музика. Постојат многу луѓе кој влијаеле на мене , но јас мислам дека најголемата инспирација ја добив од момците од Swedish House Mafia и Ерик Прајдз, тие беа првите кои ме внесоја во светот на музиката” – Авичи – Април 2011.

Музичка кариера[уреди | уреди извор]

2010[уреди | уреди извор]

Во 2010, Авичи во соработка со шведскиот колега ДЈ Џон Далбек, ја издаде траката “Don’t Hold Back”. Toj дополнително работеше на проекти со светски признатите ДЈ-и Тиесто и Себастиан Ингросо. Додека, тој примарно се работеше со елктронски синтетички траки, ЕМИ ја издаде вокалната верзија на неговата трака 'Bromance', насловена како 'Seek Bromance'. 'Seek Bromance', достигна ранкгинг од топ 20 во повеќе држави, вклучувајќи ги Белгија, Франција, Холандија, Велика Британија и Шведска.

2011[уреди | уреди извор]

Во 2011, неговата трака која беше соработка помеѓу него и Дејвид Гета, “Sunshine” беше номинирана за Греми награда за категоријата најдобра денс трака. За неговата трака 'Fade into Darkness' , Авичи искористи некои делови од синглот 'Collide' на Леона Луис. Земениот примерок не беше акредитиран, па дојде до спор така што Авичи имаше проблеми за да го издаде синглот. Сепак тие проблеми се решија и без судот да се вмеша, така што се договорија Авичи и Леона Луис дека ќе работат заедно на новиот сингл. Во 2011 Avicii го издаде синглот 'Levels' кој достигна топ 10 ранкинг во Индија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Австрија, Белгија, Данска, Германија, Грција, Ирска, Италија, Холандија и Велика Британија, а во земјите како Унгарија, Норвешка и Шведска го завзеде првото место на топ листите.

Levels[уреди | уреди извор]

Најзначајна песна или трака создадена од Авичи е синглот "Levels" кој беше официјално издаден на 28 октомври 2011. Песната веднаш стана голем хит во електронската музика во светот во 2011, но по нејзиното официјално издавање, стана огромен секојдневен хит, кој значително “преку ноќ” му ја подигна популарноста на Авичи. Песната беше напишана од Тим Берглинг – Авичи, и содржи вокален пример од госпел хитот од 1962 "Something's Got a Hold on Me" од Ета Џејмс. Истиот вокален пример беше најпрво користен од Прети Лајтс во неговата песна од 2006 "Finally moving". Овој пример беше исто така искористен и од Фло Рајд во неговиот сингл "Good Felling". Toj сингл е доста сличен на "Levels". Во полуфиналето на Britania’s Got Talent, Грег Стјуарт ја изведе оваа популарна песна на ласерска харфа.

2012[уреди | уреди извор]

На 23 март 2012, непотпишаниот сингл на Авичи "Last Dance" беше првпат изведена во шоуто на Пит Тонг на ББС Радио1. Песната беше подоцна издадена на 27 август 2012. На музичкиот Ултра Фествивал (Ultra Music Festival) во Мајами, тој промовираше 2 нови траки. Првата беше "Girl Gone Wild" која беше соработка со Мадона, а втората беше "Superlove" со Лени Кравиц. Песната со Мадона официјално беше издадена на 20 април 2012, а песната со Лени Кравиц беше издадена на 29 мај 2012. Откако Авичи на Фејсбук доби 2 милиони обожаватели, тој издаде нов сингл со наслов "Two Million" (два милиони). На 27 април 2012, Авичи ја издаде "Silhouettes" чија вокална интерпетација е на Салем Ал Факир, оваа песна го завзеде 5тото место на Британската топ листа. Авичи на 4 август, зеде учество на фестивалот Lollapalooza во Чикаго. Неговиот настап беше следен во живо низ целиот свет. На 12 август, Авичи го издаде синглот "Dancing in my head". Вокалната интерпетација ја интерпетира Ерик Тарнер. На 26 септември, Авичи влезе во Историјата како прв ДЈ кој настапил во светски познатата Radio City Music Hall во Њујорк. Тој настапи на 2 пати на 26 и 27 Сепмтември, а салата беше комплетно распродадена. Картите за настапот на 27 септември беа комплетно распродадени за помалку од една минута. Тој беше поддржан од Мет Голдман и Казет на двата настапи. На еден од двата настапи, Авици објави преглед на неговата со Mајк Поснер "Stay With You". Сепак оваа трака сè уште не е официјално издадена. На 29 декември 2012, Авичи ја издаде високо очекуваната "I Could Be The One" заедно со Ники Ромеро. Песната порано беше позната "Nicktim", го смени својот наслов откако беше додадена вокалната интерпетација од Нони Бао. Откако траката дебитираше на неколку шоуа, речиси една година претходно, конечно беше издадена под насловот на Авичи LE7ELS. Новата вокална верзија беше издадена заедно со инструментална верзија, радио едит и ремикси од Аудрио и Дидрик.

2013[уреди | уреди извор]

На 9 јануари 2013, Авичи го промовира Avicii X You проектот, кој е партнерство со Ериксон. На 30 јануари 2013, Авичи ја издаде "Three Million" за да ги одбележи 3те милиони обожаватели на Фејсбук. Авичи беше номиниран за Греми за најдобар денс хит со 'Levels' за Греми наградите за 2013. Тој беше номиниран заедно со Келвин Херис и Не-Јо, Скрилекс, Swedish House Mafia. Шоуто се одржа на 10 февруари 2013, и наградата ја доби Скрилекс. На крајот од Февруари и почетокот на Март 2013, Авичи беше на турнеја во Австралија, како еден од изведувачите на Future Music Festival, покрај Продиџи и Ролинг Стоунс. На крајот од Февруари 2013, Авичи за првпат замина на Јужно Американски турнеја, која вклучуваше настапи во Венецуела, Аргентина, Колумбија, Бразил и Чиле. На 14 јуни 2013 беше премиерата на новиот сингл на Авичи, "Wake Me Up!", во која вокалната интерпетација ја изведува Алое Блек.

Дискографија[уреди | уреди извор]

Албуми[уреди | уреди извор]

  • 2015: Stories
Compilations
  • 2011: Avicii Presents Strictly Miami
  • 2011: The Singles

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Svenske superstjärnan Avicii är död“.
  2. Torbjörn Ek (26 November 2021). "Boten Anna" fick Avicii att börja göra musik“. Aftonbladet (шведски). Архивирано од изворникот 26 November 2021. Посетено на 22 March 2022.