Прејди на содржината

Ибица

Координати: 38°59′N 1°26′E / 38.98° СГШ; 1.43° ИГД / 38.98; 1.43
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ибица
Ibiza / Eivissa
Знаме на Ибица
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 411: Malformed coordinates value
Географија
МестоБалеарски Острови
Координати38°59′N 1°26′E / 38.98° СГШ; 1.43° ИГД / 38.98; 1.43
АрхипелагБалеарски Острови
Површина571,6 км2
Највисоко место475 м
Највисока точкаСа Талаија
Држава
Автономна заедницаБалеарски Острови
ПокраинаБалеарски Острови
ГлавенИбица
Најголема населбаИбица (pop. 49,768)
Демографија
Население154.186 (2021)
Густина269,74 /km2 (69.862 /sq mi)
Дополнителни податоци
службени јазици:
каталонски, шпански

Ибица (шпански: Ibiza, Ибиса) или Ејвиса каталонски: Eivissa) — шпански остров во Средоземното Море на источниот брег на Шпанија. Ибица е на 150 километри од градот Валенсија. Островот е трет по големина во Балеарските Острови. Нејзините најголеми населби се Ибица, Санта Еуларија дес Риу и Сент Антони де Портмањ. Неговата највисока точка, наречена Са Талаија е 475 метри надморска височина.

Ибица станала позната по својата поврзаност со ноќниот живот, електронската танцова музика која потекнува од островот и летната клупска сцена, кои привлекуваат голем број туристи. Неколку години пред 2010 година, владата на островот и Шпанското туристичко биро работеле на промоција на семејниот ориентиран туризам, при што полицијата ги затворила клубовите што свиреа музика во доцните ноќни часови, но до 2010 година оваа политика била укинета[1], за да во 2015 година биде повторно продолжена.[2].

Ибица е вклучена во списокот на Светско културно наследство на УНЕСКО[3].

Потекло на поимот

[уреди | уреди извор]

Официјалното име на каталонски јазик на островот е Евиса. Нејзиното име на шпански е Ибица.

Феникиските колонисти го нарекле островот Ибосим или Ибошим[4][5]. Подоцна бил познат како Ебусус од Римјаните, а кај Грците бил познат како Pityoûssai[6].

Во XVIII и XIX век островот бил познат од Британците како Ивица[7].

Историја

[уреди | уреди извор]

Во 654 п.н.е., феникиските доселеници основале пристаниште на Ибица. Со падот на Феникија по асирските инвазии, Ибица била под контрола на Картагина, исто така поранешна феникиска колонија. Островот произведувал сол, риба и волна.

Светилиштето на божицата Танит било основано во пештерата Es Cuieram. Ибица претставувала главно трговско место долж средоземните патишта. Ибица започнала да воспоставува сопствени трговски станици по должината на блискиот остров Мајорка.

Поглед на стариот град од пристаништето

За време на Втората пунска војна, островот бил нападнат од двајцата браќа Сципиони во 217 п.н.е., но останала лојална на Картагина. Во времето кога Картагина паднала, Ибиса преговарала со Римјаните за поштедување да не биде уништена , судбина која ја доживеала Картагина. По овој период, Ибица станала дел од Римското Царство.

По падот на Западното Римско Царство и краткиот период на вандалско, а потоа и византиско владеење, островот бил освоен од страна на Маврите во 902 година.

Ибица заедно со островите Фурмантера и Менорка биле нападнати од норвешкиот крал Сигурд I во пролетта 1110 година на неговата крстоносна војна во Ерусалим. Царот претходно ги освоил градовите Синтра, Лисабон и Алкасер ду Сал и им ги предал на христијанските владетели, во обид да го ослабне муслиманскиот притисок на Пиринејскиот Полуостров. Кралот Сигурд продолжил кон Сицилија.

Островот бил освоен од арагонскиот цар Јаков I во 1235 година. Локалното муслиманско население било депортирано како што било случај со соседна Мајорка и на други места. Островот ја одржувал својата сопствена самоуправа во неколку форми до 1715 година, кога кралот Филип V ја укинал автономијата на локалната власт. Пристигнувањето на демократијата во доцните 1970-ти довело до Статутот на автономија на Балеарските Острови. Денес, островот е дел од Балеарската автономна заедница, заедно со Мајорка, Менорка и Фурмантера.

Географија

[уреди | уреди извор]

Ибица е карпест остров со површина од 572,56 квадратни километри, речиси шест пати помал од Мајорка, но повеќе од пет пати поголем од Миконос или 10 пати поголем од Менхетен во Њујорк.

Балеарскиот островски ланец вклучува над 50 острови, од кои многу се ненаселени. Највисоката точка на островот е Са Талаија, на 475 метри.

Ибица е административно дел од автономната заедница на Балеарските Острови, чиј главен град е Палма де Мајорка, на островот Мајорка. Ибица се состои од 5 општини. Tие се:

Карта Општина Површина
(км2)
Население
(2021)
Каталонски Шпански
Сант Жозеп де са Талаја 159.4 29.015 Sant Josep de sa Talaia San José
Сант Антони де Портмањ 126,8 27.582 Sant Antoni de Portmany San Antonio Abad
Сант Жуан де Лабриџа 121,7 6.610 Sant Joan de Labritja San Juan Bautista
Санта Еуларија дес Риу 153,6 40.413 Santa Eulària des Riu Santa Eulalia del Río
Ибица 11,1 50.566 Eivissa Ibiza
Вкупно 572,6 154.186

Ибица има средоземна клима која се граничи со топла полупустинска клима. Просечната годишна температура е 18,3 °C (65 °F), која е топла и блага во текот на целата година. Ибица лежи на иста ширина како Атлантик Сити, но сепак е многу потопла за нејзината местоположба во Медитеранот. Климата на Ибица е обично топла, сончева и сува, со ниски варијации помеѓу високите и ниските степени. Часовите на сонце на Ибица се 2700-2800 годишно, додека годишниот дожд изнесува од 400 до 450 милиметри. Просечната висока температура е 22.2 °C, додека просечното ниско ниво е 14.3 °C. Зимите се малку дождливи и благи, од ноември до април. Летата се топли и многу суви, со неколку врнежни денови, често придружени со грмотевици. Во најстудениот месец, јануари, просечната висока температура е 15,7 °C, додека просечното ниско ниво е 8,1 °C. Во најтоплиот месец, август, просечната висока температура е 30,3 °C, додека нискиот е 22,2 °C. Екстремните температури се ретки. Просечната температура на морето во Ибица е 19,7 °C[8].

Климатски податоци за Аеродром Ибица (1981–2010)
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 23.8
(74.8)
23.5
(74.3)
26.5
(79.7)
27.8
(82)
31.0
(87.8)
36.5
(97.7)
36.6
(97.9)
36.6
(97.9)
38.4
(101.1)
32.0
(89.6)
28.4
(83.1)
23.8
(74.8)
38.4
(101.1)
Прос. висока °C (°F) 15.7
(60.3)
15.9
(60.6)
17.7
(63.9)
19.7
(67.5)
22.7
(72.9)
26.8
(80.2)
29.7
(85.5)
30.3
(86.5)
27.7
(81.9)
24.0
(75.2)
19.6
(67.3)
16.7
(62.1)
22.2
(72)
Сред. дневна °C (°F) 11.9
(53.4)
12.1
(53.8)
13.7
(56.7)
15.6
(60.1)
18.6
(65.5)
22.6
(72.7)
25.6
(78.1)
26.3
(79.3)
23.8
(74.8)
20.2
(68.4)
15.9
(60.6)
13.1
(55.6)
18.3
(64.9)
Прос. ниска °C (°F) 8.1
(46.6)
8.3
(46.9)
9.6
(49.3)
11.4
(52.5)
14.6
(58.3)
18.4
(65.1)
21.4
(70.5)
22.2
(72)
19.9
(67.8)
16.5
(61.7)
12.3
(54.1)
9.5
(49.1)
14.3
(57.7)
Најниска забележана °C (°F) −1.2
(29.8)
0.2
(32.4)
1.0
(33.8)
3.4
(38.1)
7.6
(45.7)
10.0
(50)
15.9
(60.6)
16.5
(61.7)
12.1
(53.8)
8.5
(47.3)
2.4
(36.3)
1.1
(34)
−1.2
(29.8)
Прос. врнежи мм (ин) 37
(1.46)
36
(1.42)
27
(1.06)
31
(1.22)
27
(1.06)
11
(0.43)
5
(0.2)
18
(0.71)
57
(2.24)
58
(2.28)
53
(2.09)
52
(2.05)
413
(16.26)
Прос. бр. врнежливи денови (≥ 1 mm) 5 5 3 4 3 1 1 2 4 6 6 5 45
Прос. бр. снежни денови 0.1 0.0 0.0 0.0 0.0 0.0 0.0 0.0 0.0 0.0 0.0 0.0 0.1
Сред. бр. сончеви часови месечно 162 166 211 246 272 299 334 305 236 205 157 151 2.744
Можен удел на сончевост 52 54 57 63 63 67 72 70 66 60 52 54 60.8
Извор бр. 1: Државна метеоролошка агенција[9]
Извор бр. 2: Државна метеоролошка агенција,[10]
Климатски податоци за Ибица
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Година
Просечна морска температура (°C) 14,7 14,3 14,5 16,3 19,1 22,5 25,1 26,2 25,2 22,7 19,6 16,6 19,7
Средни дневни сончеви часови 10,0 11,0 12,0 13,0 14,0 15,0 15,0 14,0 12,0 11,0 10,0 9,0 12,2
Просечно 2 3 5 6 8 9 9 8 6 4 3 2 5.4
Извор бр. 1: seatemperature.org[11]
Извор бр. 2: Weather Atlas[12]

Население

[уреди | уреди извор]

Демографски, Ибица покажува многу чудна конфигурација, бидејќи пописните агенции се разминуваат за точните бројки. Според националниот попис од 2001 година, Ибица имала 88.076 жители (76.000 во 1991, 64.000 во 1981, 45.000 во 1971 и 38.000 во 1961 година). Сепак, со националниот попис во 2011 година, бројката се зголемила на 133.594, а до почетокот на 2017 година достигнала 143.856. Овој брз раст произлегува од амнестијата која вклучувала голем број нерегистрирани странски мигранти. Во однос на потеклото, околу 55% од жителите на островот се родени во Ибица, 35% се домашни мигранти од Шпанија (главно работни семејства од Андалусија, а остатокот од Каталонија, Валенсија и Кастиља), а останатите 10 до 15% се странски, двојни и мултинационални државјани на ЕУ и во странство. Во опаѓачки редослед, најчесто странските посетители се германски, британски, латински, француски, италијански и холандски жители.

Шпанскиот композитор и музички теоретичар Мигел Ројг-Франколи е роден во Ибица[13], како и политичарот и поранешниот министер за надворешни работи на Шпанија, Абел Матутес[14]. Познати поранешни жители на Ибица се: англискиот панк музичар Џон Симон Ричи (Сид Вишос)[15], комичниот глумец Тери-Томас[16] итн.

  1. Ibiza renews its party spirit, Luke Bainbridge, June 27, 2010 (The Guardian)
  2. Inside the police crackdown on Ibizas endless party culture Michelle Lhooqe, November 13, 2015 (Vice TV website)
  3. „Ibiza, Biodiversity and Culture“. UNESCO. United Nations. Посетено на 14 February 2018.
  4. „Ibiza Literature, Literature in Ibiza“. Liveibiza.com. Архивирано од изворникот на 2019-07-04. Посетено на 2013-03-26.
  5. Kuhbier, Heinrich; Alcover, Josep Antoni; Guerau d'Arellano Tur, Cristòfol, уред. (1984). Biogeography and Ecology of the Pityusic Islands. Monographiae Biologicae, Volume 52. The Hague, The Netherlands: Dr. W. Junk (Kluwer). стр. 1. ISBN 978-90-6193-105-8.
  6. Henry George Liddell, Robert Scott, A Greek-English Lexicon
  7. „Ivica“. Encyclopaedia Metropolitana, Or, Universal Dictionary of Knowledge. 21. London. 1845. стр. 167.
  8. Ltd, Copyright Global Sea Temperatures - A-Connect. „Ibiza Water Temperature - Spain - Sea Temperatures“. World Sea Temperatures.
  9. „Valores climatológicos normales. Ibiza, Aeropuerto“. March 2016.
  10. Valores extremos. Ibiza, Aeropuerto. March 2016.
  11. „Ibiza Sea Temperature“. seatemperature.org. Посетено на 15 March 2017.
  12. „Ibiza, Spain - Climate data“. Weather Atlas. Посетено на 15 March 2017.
  13. Enciclopèdia d'Eivissa i Formentera. "Roig-Francoli Costa, Miguel Angel" Архивирано на 28 април 2018 г.
  14. Who's Who at NATO. "Abel Matutes"
  15. „Sid Vicious - Life History Part 1“.
  16. Bounder! The Biography of Terry-Thomas Архивирано на 25 октомври 2023 г. by Graham McCann, serialised in The Times

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]