Леона Луис

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Leona Lewis
Леона Луис

Леона Луис во 2009- та
Биографски податоци
Родено име Леона Луиз Луис
Роден(а) 3 април 1985
Лондон, Англија
Жанрови Поп, Р&Б
Занимања Пејачка
Период на активност 2006–сегашност
Издавачи Syco (2006–сегашност)
J Records (2007–сегашност)
Мреж. место www.leonalewismusic.co.uk

Леона Луис (англиски: Leona Louise Lewis) (Лондон, 3 април 1985) е британска поп/Р&Б пејачка. Луис и стана позната на публиката во 2006 како победник на реалното шоу The X Factor во Британија.

Луис за кратко време стана платинумски продаван музичар и беше три пати номинирана на наградите Греми. До сега има реализирано само еден албум наречен „Spirit“, во 2007. Албумот стана најбрзо продаван дебјут албум и најпродаван албум во 2007 и во Велика Британија и Република Ирска, а со тоа Луис станува првиот Британски соло артист да се искачи на Billboard 200 со првиот албум. Нејзиниот втор албум „Echo“ е планирано да биде издаден во Ноември 2009.

Првиот сингл на Луис „A Moment Like This“ стана најбрзо продаваниот ВБ сингл, после тоа што бил даунлодиран околу 50,000 пати после 20 минути од неговата реализација. Нејзиниот втор сингл „Bleeding Love“ стигна на првото место во околу 30 сингл табели низ целиот свет. Во ноември 2008 таа повторно постави нов рекорд и тоа во најпродаван само даунлоад сингл кога станува збор за реализацијата на кавер верзијата на песната на Snow PatrolRun“ со која што продала 69,244 копии во еден ден.