Калањево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

41°30′N 22°15′E / 41.500° СГШ; 22.250° ИГД / 41.500; 22.250Координати: 41°30′N 22°15′E / 41.500° СГШ; 22.250° ИГД / 41.500; 22.250 Калањево (латиница Kalanjevo) е село во Општина Неготино, во околината на градот Неготино.

Калањево
Калањево is located in Македонија
Калањево
Местоположба на Калањево во Македонија
Општина Општина Неготино
Население 0 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1440
Надм. вис. 610 м


Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Калањево се наоѓа во околината на градот Неготино на левата страна од Раечка Река, под планината Серта и врвот Бел Камен, во централниот дел на Македонија, на 30 километри од градот Кавадарци во познатата област Тиквеш. Селото се наоѓа на приближно 610 метри надморска височина. Климата е континентална[1].

Историja[уреди | уреди извор]

Селото спаѓа во оние стари населби што постоеле уште пред доѓањето на Турците. На почетокот живееле само Македонци но од 16 век надошле поголем број јуручки фамилии. Турците останале се до 1913 година кога се иселиле во Мала Азија. Од 29 јуни до 7 јули 1913 година, додека траело Тиквешкото востание, според пишувањата на дневникот кој го водел еден тиквешки свештеник, селото, заедно со други села во Тиквешијата, како и градот Неготино било запалено[2]. Селаните главно биле сточари и земјоделци кои работеле на свои имоти. Имало чифлички фамилии на бегот од Синановци од Кавадарци. На сред село се наоѓале Кулата, запалена во 1912 година и Бегниските гумна каде се собирал спаилокот. веднаш до Шарената чешма изградена од Турците.

Главни места во селото се Падарницата (возвишение на кое постојано стражарел турски падар и од каде го набљудувал теренот), Мандра, близу месноста Бела Вода каде биле бачилата, мандрите каде се чувал добитокот и се правело сирење. Ќумурницата каде селаните правеле ќумур, а потоа им го продавале на ковачите во Неготино и другите места, Солиште каде се крмела селската стока, Манастирбаир каде во стари времиња постоел манастир, Ѓуровец (се наоѓа веднаш до селото и кога е денот Ѓурѓовден селаните тука играат и изнесуваат јадења да ручаат заедно), Ранѓела, Раец, гробиштата, Обесената коса, Дервишевото гумно каде според преданијата бил имотот на некој дервиш “море облечен во антерија-бубаќерлија, докај под колената; носел нож-јатаган што му висел од појасот; чифт-пиштоли; пушел во чибук-седефлија, а во рацете само ги местел бројаниците, правел чак-чак и се шетал кај имотот“. Тој имал ниви, плевни на кои работеле чифчии), Џамаларските гробишта, кои се наоѓаат веднаш под селото каде се истепале две групи џамалари и потоа тука биле погребани, Јуручки друм, по сртот на планината Серта. Друмот го користеле главно Јуруци, носеле: маџун во кожени тулуми на пазарот во Штип, мед, грав, ќумур за каурите.

Ниви во Клањевско имаат свои називи и тоа: Вишеглав, Малотрн, Бунар, Бабагунино Нивче, Драчевица, Грамади, Чамири, Горна и Долна Драгоња, Лилјакот и други. Македонците христијани ги имале тесните странливи ниви во орманите. Тие биле копачишта. Најпрвин се сечела шумата и се разработувала земјата зашто подобрите ниви ги држеле Турците. Под селото се наоѓаат христијанските гробишта и остатоци од некогашната црква која Турците многу рано ја разурнале. На црквата селаните давале дарови и курбан.

Економија[уреди | уреди извор]

Селаните биле сточари и земјоделци. Тие одгледувале говеда од расата буша. Доста од нив се занимавале и со пчеларство, одгледување на планински чај, собирање лековити билки и шумски печурки. Се занимавале со експоатација на дрва а имало и обиди за одгледување винова лоза иако земјиштето на падините на планината не било погодно. Меѓу двете војни, калањевци на пазарот во Неготино носеле дрва, ќумур, волна, козина која ја продавале на мутавџиите за изработка на вреќи, зобници, постилки и слично, сирење, мед, р`ж, стока. Реката Вардар ја поминувале со скелиња.

Демографија[уреди | уреди извор]

Калањево според последниот попис во 2002 година[3], нема жители. Според пописот на бугарскиот етнограф Васил К"нчов од 1900 година, селото броело 302 жители, од кои 100 биле Македонци, а 202 биле Турци-Јуруци кои се иселиле по Првата светска војна а на нивно место дошле предците на денешните жители. Претежна вероисповед на месното население бил исламот, а помал број од жителите биле православни христијани.

Во средината на 19 век во селото имало 17 муслимански и 13 христијански куќи.

Селото се наполно раселено по 1971 година, кога биле регистрирани 6 жители.

На табелата е прикажано бројот на населението по сите пописни години:

Година 1900 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 302 135 143 83 6 / / / /

Маала[уреди | уреди извор]

По балканските војни куќите во селото биле распоредени во следните маала: Горно маало – 3 куќи, Оттадњо маало – 4 куќи, Омерлер маало – 1 куќа или вкупно – 18 куќи. Пред овие војни во Калањево живееле 100 Македонци и 202 муслимани во 40 куќи (распоредени низ Шакалар и Омерлер маало).

Легенди и преданија[уреди | уреди извор]

За селото нема посебна легенда но од постарите се објаснува дека Калањево го носи своето име од тоа што во него се наоѓаат мноштво светликави камења, налик на калај па од калајот и името Калањево. Според преданијата во селото имало и џамија која се наоѓала во турските маала. По Првата светска војна некоја жена ја запалила. Сепак ненамерно бидејќи таа живеела во една просторија а нејзиното магаре ја турнало сламата што наскоро била опфатена од огнот. Македонците тука честопати биле напаѓани од арамии. Неколкумина биле и убиени но имало и храбри мажи од кои арамиите се плашеле.. Еден од нив бил и Јован Божинов кои селаните го имале како заштитник, некој вид јасекчија за да ги чува сватовите и невестите за време на свадбите или во други случаи кога оделе на пазар. Арамија не смеел да се приближи штом ќе дознаел дека Јован е во близина. Некој ден тој удрил по еден бег-насилник кој го тормозел и го пљачкал народот. Јован му влегол и на бегот му запленил неколку кози, овци и еден коњ а по тоа напаѓал и други такви катили. Но по некое време тој паднал болен. Си дошол дома кришум за да го лекуваат. Турскиот арамбаша Абди-Капетан го открил. Порачал да излезе над селото. Калањевските Турци го советувале да не излегува. Тој не ги послушал, ниту пак се уплашил иако болен. Без оружје сам му излегол на двобој на арамбашата кој немал храброст да се бори па од далеку фрлил со пушката. Јован бил убиен токму над селото.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Во селото Калањево има многу чешми: Шарената чешма, Дедо Јаковата чешма која ја направил дедото Јако за душата на син му Фило кој го убиле кај Габер-Кајна и му го украле стадото), Велиова чешма, Долната чешма, Тодорова чешма, Крстевата чешма и Џамиската чешма.

Надвор од селото се следните чешми и води: Караѓоз” (Црно око), Богоевската чешма, Капеж чешма, Белата чешма, Лековитата вода, Бунарот, Здражопиле, Изворот - место каде извира реката. Според едно предание, него го пресушиле беговите, а неговите води пробиле дури во Велуса, Габер-Кајна (извор) и Батаци (извор).

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Селска слава во чест на Свети Илија (Илинден).

Личности[уреди | уреди извор]

Злата Петрова и Благоја Петров се останатите жители во селото.. Тие потекнуваат од фамилијата Петрови.. Која се смета дека била една од најголемите Фамилии во Калањево

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Шарената чешма која ја изградиле Турците и ја избоиле. Остатоци од срушената црква и изгорената џамија.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

По Првата светска војна поголемиот дел од семејствата кои живееле во селото ги напуштиле куќите и заминале во Турција.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  1. http://www.wikiwand.com/sr/%D0%9A%D0%B0%D0%BB%D0%B0%D1%9A%D0%B5%D0%B2%D0%BE
  2. Ѕверствата на окупаторските власти - Тиквешкото востание“, „Македонска нација“. (на mk-mk)
  3. "Попис во Р.Македонија 2002" (PDF).