Гарван
- За птицата видете Гавран.
Гарван — село во Општина Конче, во околината на градот Радовиш.
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 11 жители[1], со што селото се вбројува во мали села во областа на Конче и Радовиш.[2]
Содржина
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во Општина Конче. Сместено е помеѓу Градешка и Конечка Планина.
Историја[уреди | уреди извор]
Селото во XIX век било дел од Радовишката каза во Отоманската Империја.
Откако било заземена од страна на српската војска во Втората балканска војна во 1913 година, селото било запалено. Во 1914 година, српските власти убиле 7 селани.
По Првата светска војна, селото како и цела Вардарска Македонија се нашле во рамките на Кралството СХС. На 2 март 1923 година, српска воена чета на чело со штипскиот жупан Добрица Матковиќ, го извршува Гарванскиот масакр — убиство на 28 жители на Гарван како одмазда за смртта на колонистите во Кадрифаковскиот масакр, извршен од страна на чета на ВМРО.[3][4]
Население[уреди | уреди извор]
Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, селото имало 270 жители, сите Македонци.[5] По податоци на секретарот на егзархијата, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Гарван (Garvan) имало 320 Македонци.[6]
Според пописот во 2002 година, селото Гарван имало 11 жители[1], од кои 10 Македонци и 1 Србин.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[7] | 1905[8] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 270 | 320 | 254 | 299 | 290 | 165 | 66 | 23 | 23 | 11 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Селото влегува во рамките на Општина Конче, една од ретките општини во Македонија, која не била променета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Конче.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш. Селото припаѓало на некогашната општина Радовиш во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 припаѓало на тогашната општина Конче.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Лакавица, во која покрај селото Гарван, се наоѓале и селата Балталија, Брест, Гарочино, Загорци, Лакавица, Лесковица, Липов Дол, Љуботен, Ново Село, Пиперово, Пухче, Скоруша, Степанци, Суво Грло, Танатарци, Чифлик и Шопур. Во периодот 1950-1952, селото било дел од Општина Загорци, во која влегувале селата Гарван, Долни Радеш, Загорци и Скоруша.
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Цркви[10]
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — главната и единствена селска црква, изградена на почетокот на XX век;
- Археолошки локалитети[11]
- Градиште — средновековна населба;
- Долна Бара — доцноантички викус и средновековна населба;
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 4 мај 2016.
- ↑ Атанасов, Зоранчо (2011) (на македонски). Инфраструктурни одлики на населените места во општините Радовиш и Конче. стр. 65–77. http://www.igeografija.mk/MGD/Razgledi_44-45/06-Zoranco.pdf. посет. 3 мај 2016 г.
- ↑ ДАРМ, Фонд МНК, сигн. 14
- ↑ Цочо В. Билярски (ред.) „Тодор Александров: живот легенда“, София,, 1991, 164-165 стр.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 235
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 138 - 139.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Гарван на Ризницата ?
- Сателитска снимка на Гарван на Google Maps.
|