Конче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Конче
ЕкспедицијаЛакавичко 52.jpg

Панорамски поглед на селото Конче

Конче is located in Македонија
Конче
Местоположба на Конче во Македонија
Координати 41°29′44″N 22°23′06″E / 41.49556° СГШ; 22.38500° ИГД / 41.49556; 22.38500Координати: 41°29′44″N 22°23′06″E / 41.49556° СГШ; 22.38500° ИГД / 41.49556; 22.38500
Регион Logo of Southeastern Region, North Macedonia.svg Југоисточен
Општина Coat of arms of Konče Municipality.svg Конче
Население 967[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 2424
Повик. бр. 032
Надм. вис. 654 м
Мреж. место Конче
Commons-logo.svg Конче на Ризницата


Конче — село и општинско седиште на истоимената општина, во околината на градот Радовиш.

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 967 жители[1], со што селото се вбројува во големи села во областа на Конче и Радовиш.[2]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото е сместено во средишниот дел на Општина Конче, на само 3 километри од соседното село Лубница. Селото е распослано во подножјето на планината Серта, уште наречена и Конечка Планина, близу изворот на реката Крива Лакавица. Лежи 20 километри јужно од градот Радовиш.[3]

Под селото се наоѓаат и Конечките езера (Конче 1 и Конче 3), две езера создадени во 1961 година за наводнување на земјиштето, а во близина на селото се наоѓа и големото вештачко езеро Мантово. Езерата се богати и со разновидна риба, како на пример: крап, костреш, плашица и други.

Скоро на крајот од селото има река, која е дождовница.

Се наоѓа на надморска височина од 580 метри, а атарот на селото зафаќа површина од 45 км². Територијата на селото опфаќа 1.185 хектари (ha) земјоделско земјиште, 368 ha пасишта и 2.721 ha шума.[3]

Конче е поврзано со градот Радовиш преку регионалниот пат Р-606 во должина од 23 км.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Во месноста Горна Кула има остатоци од античка и средновековна тврдина.[4]

За прв пат Конче се споменува во 1019 година во записите за византискиот император Василиј II. Селото било дел од Струмичката епархија на Охридската архиепископија.[5] Од XIV век во селото постои манастирот „Св. Богородица“.[6] Во грамотата на царот Стефан Урош од 1366/1367 година, во селото живееле 25 семејства.[7]

На крајот на XIX век селото било дел од Радовишката каза на Отоманската империја.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Мештаните се занимаваат со одгледување тутун, а и други земјоделски гранки. Исто така се одгледува добиток.

Панорамски поглед на Конче од патот кој води до него

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, селото имало 1230 жители, од кои 330 Македонци и 900 Турци.[8] По податоци на секретарот на егзархијата, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото Конче имало 320 Македонци.[9]

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 967 жители, од кои 444 Македонци, 521 Турчин и 2 други.

Врз основа на бројот на жителите селото Конче се вбројува во големи села во областа на Конче и Радовиш.[2]

Според пописот од 2002 година, селото Конче броело 967 жители[1], од кои:

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Конче:

Години Македонци Турци Срби Ост. Вкупно
1948 1.246
1953 403 923 9 0 1.335
1961 566 402 8 4 980
1971 571 387 4 4 966
1981 523 452 1 3 979
1991 472 522 2 1 997
1994 445 530 1 1 977
2002 444 521 0 2 967

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Поглед на централниот објект на основното училиште „Гоце Делчев“ во Конче

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Конче, една од ретките општини во Македонија, која не била променета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Конче.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш. Селото припаѓало на некогашната општина Радовиш во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957, селото било во рамките на тогашната општина Конче.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Конче, во која покрај селото Конче, се наоѓале и селата Габревци, Горно Липовиќ, Долно Липовиќ, Долни Радеш, Лубница, Негреновци и Ракитец. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на истоимената општина, во која влегувале селата Конче и Лубница.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Црквата Свети Стефан во селото Конче, изградена во 1366 година
Цркви[10]
Манастири
Џамии
Археолошки локалитети[11]
Езера

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 "Попис на Македонија" (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 20 мај 2016. 
  2. 2,0 2,1 2,2 Атанасов, Зоранчо (2011) (на македонски). Инфраструктурни одлики на населените места во општините Радовиш и Конче. стр. 65–77. http://www.igeografija.mk/MGD/Razgledi_44-45/06-Zoranco.pdf. посет. 20 мај 2016 г. 
  3. 3,0 3,1 3,2 "Рехабилитација на регионалниот пат Р-606 Радовиш-Конче-Лубница, Македонија" (PDF). Европска банка за обнова и развој (македонски). јуни 2009. конс. 25 мај 2016. 
  4. Микулчик, Ив. Средновековни градови и тврдини во Македонија, Скопије, 1996, стр.317-318
  5. Иван Снегаров. История на Охридската ариепископия, том 1, София, 1924, стр.56
  6. Снегаров, Иван. История на Охридската архиепископия-патриаршия, т. II, София 1932, с. 479
  7. Матанов Хр. Княжеството на Драгаши, София, 1997, с. 228.
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 234
  9. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 138 - 139.
  10. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  11. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. ISBN 9989649286. 
  12. Во Конче откриена втора гробница на великодостојник од вториот или третиот век

Надворешни врски[уреди | уреди извор]