Горна Враштица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Горна Враштица
Горна Враштица is located in Македонија
Горна Враштица
Местоположба на Горна Враштица во Македонија
Координати 41°35′52″N 22°21′15″E / 41.59778° СГШ; 22.35417° ИГД / 41.59778; 22.35417Координати: 41°35′52″N 22°21′15″E / 41.59778° СГШ; 22.35417° ИГД / 41.59778; 22.35417
Регион Logo of Southeastern Region, Macedonia.svg Југоисточен
Општина Coat of arms of Konče Municipality.svg Конче
Население 0[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 2424
Повик. бр. 032
Шифра на КО 22007
Надм. вис. 600 м
Горна Враштица на општинската карта
Горна Враштица во Општина Конче.svg

Атарот на Горна Враштица во рамките на општината
Commons-logo.svg Горна Враштица на Ризницата


Горна Враштица — село во Општина Конче, во околината на градот Радовиш. Селото е иселено и според пописот од 2002 година нема жители.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на северните падини на планината Смрдеш. Во близина на селото е Долна Враштица, од каде што и води земјен пат во должина од 3 километри, кој се приклучува на новоизградениот асфалтен пат околу езерото Мантово.

Во 2013 година селото за првпат во своето постоење добило електрична енергија.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Селото во XIX век било дел од Радовишката каза на Отоманското Царство.

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, селото имало 132 жители, сите Македонци.[3] По податоци на секретарот на егзархијата, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото Горна Враштица (Gorno-Vrachtitza) имало 176 Македонци.[4]

Селото било целосно напуштено на текот на 1970-тите години. Според пописот во 2002 година, селото Горна Враштица било целосно раселено и немало постојано население.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[5] 1905[6] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 132 176 146 160 57 2 0 0 0 0
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Родови[уреди | уреди извор]

Горна Враштица било македонско село. Селата Горна и Долна Враштица ги основале двајца браќа многу одамна. Родовите во селото се сметаат за староседелци.[8]

Според истражувањата од 1928 година, родови во селото:

  • Староседелци: Пунковски (Томовци, Василевци, Митевци, Атанасовци и Миленковци) (6 к.). Темелковци (Анѓеловци) (3 к.). Јованчовци (Стефановци) (2 к.). Мишовци (Коцевци и Јовановци) (5 к.). Лазаровци (3 к.). Карафиловци (Трајчовци) (1 к.). Ќипариновци (Мојсиловци и Петровци) (2 к.). Тренчевци (1 к.)

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Конче, една од ретките општини во Македонија, која не била променета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Конче.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш. Селото припаѓало на некогашната општина Радовиш во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Ињево, во која покрај селото Горна Враштица, се наоѓале и селата Бучим, Воиславци, Дамјан, Дедино, Долна Враштица, Ињево, Погулево, Сулдурци и Топалница. Во периодот 1950-1952, селото било дел од Општина Ињево, во која влегувале селата Горна Враштица, Долна Враштица, Дамјан, Ињево и Погулево.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта[9]
  • Манастир - Илиница — сакрален објект од средниот век; според преданијата, тука се наоѓал некогашниот манастир „Св. Илија“

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 2 мај 2016.
  2. „Електрификација на три села во општина Конче“. Вечер. Скопје: Вечер Прес. 12 јули 2013. Посетено на 1 мај 2016.
  3. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 235
  4. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 138 - 139.
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  8. . Русиќ, Бранислав. Радовишка Област. Архивски фонд на МАНУ к-9, AE 116/II I. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: others (link)
  9. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 325. ISBN 9989-649-28-6.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]