Загорци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Загорци
Загорци is located in Македонија
Загорци
Местоположба на Загорци во Македонија
Координати 41°32′51″N 22°18′18″E / 41.54750° СГШ; 22.30500° ИГД / 41.54750; 22.30500Координати: 41°32′51″N 22°18′18″E / 41.54750° СГШ; 22.30500° ИГД / 41.54750; 22.30500
Регион Logo of Southeastern Region, North Macedonia.svg Југоисточен
Општина Coat of arms of Konče Municipality.svg Конче
Население 10[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 2424
Повик. бр. 032
Надм. вис. 515 м
Загорци на општинската карта
Загорци во Општина Конче.svg

Атарот на Загорци во рамките на општината
Commons-logo.svg Загорци на Ризницата


Загорци — село во Општина Конче, во околината на градот Радовиш. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 10 жители.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа меѓу Конечка Планина и Смрдеш во Општина Конче.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото во XIX век било дел од Радовишката каза во Отоманската Империја.

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, селото имало 210 жители, сите Македонци.[2] Според податоци на секретарот на егзархијата, Димитар Мишев (La Macédoine et sa Population Chrétienne), во селото во 1905 година живееле 232 жители.[3]

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 10 жители[1], сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[4] 1905[5] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 210 232 222 246 222 158 64 14 12 10
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Конче, една од ретките општини во Македонија, која не била променета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Конче.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш. Селото припаѓало на некогашната општина Радовиш во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 припаѓало на тогашната општина Конче.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Лакавица, во која покрај селото Загорци, се наоѓале и селата Балталија, Брест, Гарван, Гарочино, Лакавица, Лескоица, Липов Дол, Љуботен, Ново Село, Пиперово, Пухче, Скоруша, Степанци, Суво Грло, Танатарци, Чифлик и Шопур. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Загорци, во која влегувале селата Гарван, Долни Радеш, Загорци и Скоруша.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]