Прејди на содржината

Долна Враштица

Координати: 41°35′17″N 22°20′25″E / 41.58806° СГШ; 22.34028° ИГД / 41.58806; 22.34028
Од Википедија — слободната енциклопедија
Долна Враштица

Поглед на селото Долна Враштица од патот покрај езерото Мантово

Долна Враштица во рамките на Македонија
Долна Враштица
Местоположба на Долна Враштица во Македонија
Долна Враштица на карта

Карта

Координати 41°35′17″N 22°20′25″E / 41.58806° СГШ; 22.34028° ИГД / 41.58806; 22.34028
Регион  Југоисточен
Општина  Конче
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2424
Повик. бр. 032
Шифра на КО 22011
Надм. вис. 549 м
Долна Враштица на општинската карта

Атарот на Долна Враштица во рамките на општината
Долна Враштица на Ризницата

Долна Враштица — село во Општина Конче, во околината на градот Радовиш. Селото е иселено и според пописот од 2002 година нема жители.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на северните падини на Смрдеш. Во близина на селото е Горна Враштица. Селото е сместено веднаш над патот кој се движи покрај вештачкото езеро Мантово. Патот покрај езерото Мантово бил изграден во 2013 година, со што општината Конче се поврзала со Општина Штип.[2]

Во 2013 година селото за првпат во своето постоење добило електрична енергија.[3]

Историја

[уреди | уреди извор]

Селото во XIX век било дел од Радовишката каза на Отоманското Царство.

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948117—    
1953113−3.4%
196198−13.3%
197156−42.9%
19814−92.9%
ГодинаНас.±%
19910−100.0%
199400.00%
200200.00%
202100.00%

Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, селото имало 125 жители, сите Македонци.[4] По податоци на секретарот на егзархијата, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото Долна Враштица (Dolno-Vrachtitza) имало 144 Македонци.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[6]

Селото било целосно напуштено во текот на 1980-тите години.

Според пописот во 2002 година, селото Долна Враштица било целосно раселено и немало постојано население.[7] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 125 144 117 113 98 56 4 0 0 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]


Долна Враштица било македонско село. Селата Горна и Долна Враштица ги основале двајца браќа многу одамна. Родовите во селото се сметаат за староседелци.[12]

Според истражувањата од 1928 година, родови во селото:

  • Староседелци: Гроздановци (Ристовци, Димовци, Илијовци и Ѓоргевци) (5 к.). Јевремовци (Камчовци и Ристовци) (3 к.). Смоковци (Ѓоргевци и Ристовци) (3 к.). Колевци (Ристовци, Митевци и Петровци) (4 к.). Вчковци (Митевци и Моневци (2 к.) и Јовановци (1 к.)

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Конче, една од ретките општини во Македонија, која не била променета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Конче.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш. Селото припаѓало на некогашната општина Радовиш во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Ињево, во која покрај селото Долна Враштица, се наоѓале и селата Бучим, Воиславци, Горна Враштица, Дамјан, Дедино, Ињево, Погулево, Сулдурци и Топалница. Во периодот 1950-1952, селото било дел од Општина Ињево, во која влегувале селата Горна Враштица, Долна Враштица, Дамјан, Ињево и Погулево.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1617 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Габревци.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 253 гласачи.[14]


Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „Конче го санираше земјениот пат Долна Враштица“. Југоинфо. 6 јули 2013. Посетено на 1 мај 2016.
  3. „Електрификација на три села во општина Конче“. Вечер. Скопје: Вечер Прес. 12 јули 2013. Посетено на 1 мај 2016.[мртва врска]
  4. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 235
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 138 - 139.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 1 мај 2016.
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. . Русиќ, Бранислав. Радовишка Област. Архивски фонд на МАНУ к-9, AE 116/II I. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 6 ноември 2019.
  14. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 6 ноември 2019.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]