Долни Радеш

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Долни Радеш
ЕкспедицијаЛакавичко 25.jpg

Поглед на селото Долни Радеш од патот покрај езерото Мантово

Долни Радеш is located in Македонија
Долни Радеш
Местоположба на Долни Радеш во Македонија
Координати 41°33′45″N 22°21′15″E / 41.56250° СГШ; 22.35417° ИГД / 41.56250; 22.35417Координати: 41°33′45″N 22°21′15″E / 41.56250° СГШ; 22.35417° ИГД / 41.56250; 22.35417
Регион Logo of Southeastern Region, North Macedonia.svg Југоисточен
Општина Coat of arms of Konče Municipality.svg Конче
Население 0[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 2424
Повик. бр. 032
Надм. вис. 415 м
Долни Радеш на општинската карта
Долни Радеш во Општина Конче.svg

Атарот на Долни Радеш во рамките на општината
Commons-logo.svg Долни Радеш на Ризницата


Долни Радеш — село во Општина Конче, во околината на градот Радовиш. Селото е иселено и според пописот од 2002 година нема жители.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа меѓу планините Смрдеш и Конечка Планина. Се наоѓа на крајбрежјето на вештачкото езеро Мантово.

Во 2013 година селото за прв пат во своето постоење добило електрична енергија.[2][3]

Историја[уреди | уреди извор]

Селото во XIX век било дел од Радовишката каза во Отоманската Империја.

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, селото имало 200 жители, сите Турци, додека селото Горни Радеш имало 50 жители Македонци.[4]

По Втората светска војна, селото било постојано населено само од Македонци.

Според пописот во 2002 година, селото Долни Радеш било целосно раселено и немало постојано население.[1] Селото било целосно напуштено во текот на 1990-тите години.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[5] 1905[6] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 50 60 73 85 86 28 1 0 0
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Панорамски поглед на селото заедно со езерото Мантово

Селото влегува во рамките на Општина Конче, една од ретките општини во Македонија, која не била променета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Конче.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш. Селото припаѓало на некогашната општина Радовиш во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 припаѓало на тогашната општина Конче.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Конче, во која покрај селото Долни Радеш, се наоѓале и селата Габревци, Горно Липовиќ, Долно Липовиќ, Конче, Лубница, Негреновци и Ракитец. Во периодот 1950-1952, селото било дел од Општина Загорци, во која влегувале селата Гарван, Долни Радеш, Загорци и Скоруша.

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Долни Радеш

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]