Скоруша
Скоруша — село во Општина Конче, во околината на градот Радовиш.
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 11 жители[1], со што селото се вбројува во мали села во областа на Конче и Радовиш.[2]
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа меѓу Конечка Планина и Смрдеш во Општина Конче.
Историја[уреди | уреди извор]
Атарот на селото е населен уште од бронзеното време, за што сведочат наодите од наоѓалиштето Белата Лоза западно до селото.
Селото во XIX век било дел од Радовишката каза на Отоманското Царство.
Население[уреди | уреди извор]
Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, селото имало 300 жители, сите Македонци.[3] По податоци на секретарот на егзархијата, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Скоруша имало 360 Македонци.[4]
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 11 жители[1], сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[5] | 1905[6] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 300 | 360 | 412 | 466 | 438 | 231 | 69 | 23 | 18 | 11 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]
Родови[уреди | уреди извор]
Скоруша е македонско село.
Според истражувањата од 1928 година, родови во селото.[8]
- Староседелци: Јовановци (Ѓуревци и Маневци) (20 к.). Кадузовци (6 к.). Шајтанци (3 к.), Камчовци (1 к.). Ќировци (4 к.). Спасовци (1 к.). Велковци (1 к.). Пљачковци (Ѓоргевци и Мимоковци) (2 к.) и Дишовци (1 к.)
- Доселеници: Калајневци (Андовци) (1 к.) доселени се од селото Калањево кај Неготино. Грнчаровци (3 к.) доселени се од селото Гарван. Ѓоргијевци (1 к.) доселени се од некој турски чифлик, од некое место во Радовишко.
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Селото влегува во рамките на Општина Конче, една од ретките општини во Македонија, која не била променета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Конче.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш. Селото припаѓало на некогашната општина Радовиш во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 припаѓало на тогашната општина Конче.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Лакавица, во која покрај селото Скоруша, се наоѓале и селата Балталија, Брест, Гарван, Гарочино, Загорци, Лакавица, Лесковица, Липов Дол, Љуботен, Ново Село, Пиперово, Пухче, Степанци, Суво Грло, Танатарци, Чифлик и Шопур. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на тогашната Општина Загорци, во која влегувале селата Гарван, Долни Радеш, Загорци и Скоруша.
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 1614 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница. Во ова избирачко место е опфатено и селото Долни Радеш.[9]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 2 гласачи.[10]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Цркви[11]
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — главната и единствена селска црква;
- Археолошки наоѓалишта
- Белата Лоза — населба од бронзено време
- Водна Полјана — населба од средниот век
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 мај 2016.
- ↑ Атанасов, Зоранчо (2011). Инфраструктурни одлики на населените места во општините Радовиш и Конче (PDF). стр. 65–77. Посетено на 28 мај 2016.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 235
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 138 - 139.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ . Русиќ, Бранислав. Радовишка Област. Архивски фонд на МАНУ к-9, AE 116/II I. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: others (link) - ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Скоруша“ на Ризницата ? |
- Сателитска снимка на Скоруша на Карти на Гугл
|