Гарвански масакр
Изглед
Гарванскиот масакр е колеж извршен во радовишкото село Гарван од страна на воена единица на Кралството на СХС по наредба на жупанот на Брегалничкиот округ, Добрица Матковиќ како одмазда за смртта на колонистите во селото Кадрифаково, Свети-николско, убиени од четата на ВМРО предводена од Иван Јанев-Брло на 16 јануари 1923 година.[1]
На 3 март 1923 година селото било гранатирано и биле застрелани без судење 29 селани, сите мажи, меѓу кои и три деца од 12 до 18 години. Дополнително, една 65-годишна старица од глетката на труповите од ужас починала на самото место.[2]
За настанот имало реакции не само кај домашната, туку и од европската демократска јавност.[3][4]