Германско-грчка офанзива на Каракамен

Од Википедија — слободната енциклопедија

Германско-грчка офанзива на Каракамен ― офанзивни воени операции водени од 22 до 27 април, 1944 година. [1]

Силни германски и грчки квислиншки сили презеле низа воени воени операции против ЕЛАС на планината Каракамен, при што целосно ги изгореле селата Катраница и Крмско (Калјарско), Горно и Долно Граматиково.[1]

Жртви[уреди | уреди извор]

Во Катраница убиле вкупно 318 жени и деца. 170 жени и девојки, откако групно ги силувале, живи ги изгореле во плевни. Во Крмско убиле 150 жители, додека во Горно и Долно Граматиково биле убиени 13 жители. Жртвите главно биле Македонци.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 127. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)