Масакр во Радолишта
Масакр во Радолишта — масовно убиство извршено од германските војници врз албанското население од струшкото село Радолишта на 28 октомври 1944 година. Во масакрот биле убиени 82 жители на селото. Овој масакр претставува еден од најголемите масакри во Западна Македонија и воопшто во Македонија за време на Втората светска војна.
Настан
[уреди | уреди извор]Непосредно пред конечното ослободување на Македонија, на 28 октомври 1944 година во утринските часови, германските војници, вооружани до заби, го опколуваат селото Радолишта, не оставајќи можност некој да се оддалечи од селото. Барале од селаните да ги кажат местата каде што се криеле партизанските единици во околните шуми, но радолиштани одбиле да го сторат тоа. Ги запалиле куќите, а жителите ги однеле на крајот од селото во местото наречено Вакчаре, до магистралниот пат Струга-Ќафасан. Прво ги наредиле сите во колони, а потоа ги застрелале со митролез. За да бидат сигурни дека застреланите се веќе мртви, тие уште еднаш пукале во нивните безживотни тела. Оние кои се обиделе да ја преминат блокадата биле убиени, а нивните тела биле оставени на местата каде што паднале. Стрелањето успеале да го преживеат само седуммина радолиштани. Тие паднале меѓу мртвите тела на соселаните, не пуштајќи ни глас, а во вечерните часови успеале да избегаат низ нивите.[1]
За време на масакрот не биле поштедени ниту децата ниту старите лица. Германските војници масакрирале 82 жители од кои седум беа жени, четири деца, а останатите млади и стари мажи. Меѓу загинатите имало и еден Македонец, Ристо Белкоски, кој е роден во 1894 година. Тој кобен ден, Радолишта ги помина најлошите и најтешките мигови од својата историја.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Валентина Нелоска, „Тајниот долап и стрелањето на радолишани“, ТВ М, 8 ноември 2011.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Мрежно место на истражувачката група за масакрот во Радолишта Архивирано на 5 март 2016 г.
|