Стреланите од Баово

Од Википедија — слободната енциклопедија

Петнаесетте стрелани од Баово (Бахово) ― масакр извршен врз македонски борци по потекло од селото Баово. Петнаесеттемина биле стрелани од страна на германскиот фашистички окупатор, во првата половина на 1944 година.[1]

Хронологија на настаните[уреди | уреди извор]

Во 1943 година во Караџовскиот регион народот се активирал во антифашистичката борба. Македонците и Грците заедно се бореле против германско-италијанските окупатори.[1]

Во селото Баово сите полнолетни мажи и жени биле организирани во редовите на ЕАМ, додека младите во ЕПОН. Многу од младите се приклучиле во редовите на ЕЛАС, додека другите служеле во резервата на ЕЛАС и му биле на располагање на 30-тиот полк на ЕЛАС. Младите од Баово учествувале во многу напади против германскиот окупатор. Тие учествувале во нападот на ЕЛАС против германската колона што марширала од Воден кон С’ботско во ноември 1943 година. Во тој напад биле запалени четири непријателски камиони и имало 10 загинати или повредени германски војници. На 26 декември 1943 година, земале учество во нападот на рудникот во Гуменџиско, како и во нападот на С’ботско на 6 јануари 1944 година. Во таа акција бил убиен германскиот командант на градот.[1]

Поради сета таа активност околу селото Баово, окупаторските сили доцна во ноќта на 19-ти, кон 20 јануари 1944 година, голема германска војска го опколила селото и уапсила 25 луѓе.[1]

Тројца од нив: Христо Вешков, Алексо Пошинов и Петро Аџиев биле стрелани истиот ден во С’ботско. Останатите биле испратени во Солун и затворени во концентрациониот логор „Павлос Мелас“. Десет од нив биле застрелани на 3 март 1944 година на автопатот Солун-Кукуш: Перикли Тануровски, Георги Саламанов, Нико Туба, Коста Вешков, Захарија Вешков, Димитри Кукули, Нико Иконом (учител), Христо Херули, Спиро Херули и Христо од С’ботско. Други четворица биле испратени во концентрационен логор во Германија. Двајца од нив Јани Калојанов и Димитри Џамбазов никогаш не се вратиле од тој логор.[1]

Список на стреланите[уреди | уреди извор]

Стрелани на 20 јануари, 1944 година:

Стрелани на 3 март, 1944 година:

  • Христо

Испратени во германски логор:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Повеќе автори - Н. Танури (2009). For Sacred National Freedom (PDF). Австралија: Pollitecon Publications. стр. 64–65. ISBN 978-0-9804763-3-0.[мртва врска]