Масакр во Долно Јаболчиште

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Стариот споменик во Долно Јаболчиште
Новиот споменик во Долно Јаболчиште

Масакрот во Долно Јаболчиште е колеж извршен од бугарската војска и полиција врз албанското население од велешкото село Долно Јаболчиште. Настанот се случил на 24 октомври 1942 година, една недела по масакрот во Богомила. Во масакрот биле убиени единаесет селани.[1]

Настан[уреди | уреди извор]

Во потрага по Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“, бугарската војска и полиција на 24 октомври 1942 година во раните утрински часови влегле во селото. Војниците ги извлекувале селените од куќите и ги собрале средсело. Од селаните војниците барале да им кажат каде се кријат партизаните и кои се нивни симпатизери и ги обвинувале дека го помагаат партизанскиот одред. При тоа жестоко се пресметале со селаните. Биле тепани и осакатени повеќе лица, а десетина селани, меѓу кои и жени, деца и старци, биле дел искасапени или стрелани, а дел живи фрлени во запалените плевни.[2] И покрај теророт, никој од селаните не ги предал партизаните.

Жртви[уреди | уреди извор]

Убиени биле следните лица:[3]

  • Расим Јусуфов Абазов (роден 1930 година, 12-годишен)
  • Јусуф Абазов Мамудов (роден 1910 година, 32-годишен)
  • Мионе Џемаилова Абазова (родена 1884 година, 58-годишна)
  • Аџима Абазова Муратова (родена 1890 година, 52-годишна)
  • Абаз Мамудов Муратов (роден 1881 година, 61-годишен)
  • Бејтула Шабанов Мусов (роден 1914 година, 28-годишен)
  • Шукри Фазлиов Елмазов (роден 1900 година, 42-годишен)
  • Деар Џемаилов Исаков (роден 1875 година, 67-годишен)
  • Беџет Џаферов Мустафов (роден 1908 година, 34-годишен)
  • Изет Љатифов Фејзов (роден 1880 година, 62-годишен)
  • Анифе Нафија Ибраимова (родена 1870 година, 72-годишна)

Во спомен на масакрот[уреди | уреди извор]

Во спомен на масакрот во средината на селото се подигнати два споменика на кои се испишани имињата на убиените. Покрај тоа, постои и низа од десет посебни плочи за загинатите во масакрот.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Велес и Велешко во Народно ослободителната војна 1941-1945: спомен книга на загинатите борци во НОВ и жртви на фашистичкиот терор од Велес и Велешко“, Титов Велес, 1985, 111-129 стр.
  2. „Велешки партизански одред 1942“, Скопје, 1999.
  3. „Велес и Велешко во Народно ослободителната војна 1941-1945: спомен книга на загинатите борци во НОВ и жртви на фашистичкиот терор од Велес и Велешко“, Титов Велес, 1985, 111-129 стр.

Литература[уреди | уреди извор]