Масакр во Рашанец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Масакрот во Рашанец е колеж врз македонското население извршен од страна на турскиот аскер за време на Илинденското востание во 1903 година. Масакрирани биле 200 души.

Историја[уреди | уреди извор]

Востанието во Охридско, кое го предводел војводата Христо Узунов, се одвивало во осумдесетина села. Кај Рашанец, охридските востаници за да го спасат населението од терор и колеж формирале бегалски лоогор каде имало 2.000 луѓе. Логорот го обезбедувале 120 востаници од четите на војводите Аргир Маринче, Никола Митрев, Цветко Стојанов и други кои не можеле да се спротистават на 3.000 турски аскер во одмазничкиот налет предводени од Бахтијар паша. Масакрот траел 15 часа.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]