Масакр во Бесвица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Споменик на НОБ во Бесвица на кој се испишани имињата на селаните стрелани од германските фашисти на 6 октомври 1944 година.

Масакр во Бесвица — масовно стрелање на селаните од страна на германските фашисти извршено на 6 октомври 1944 година.[1]

Настан[уреди | уреди извор]

Спомен чешма во Бесвица со имињата на стреланите селани.

Со цел да обезбедат посигурно минување по линијата Солун-Скопје-Белград, германските единици решиле да зададат удар кон народноослободителното движење во реоните каде поминувала железничката линија. На 6 октомври 1944 година навлегле во село Бесвица и ги стрелале селаните:[1]

  • Абас Ахмедов
  • Абрулазим Максудов
  • Амед Авзиов
  • Амед Беков
  • Алил Браов
  • Асан Нурединов
  • Вели Максудов
  • Ибраим Реџепов
  • Ибраим Зејнелов
  • Мемед Смаилов
  • Мемед Јуруков
  • Смаил Дураков
  • Фаик Реџепов
  • Феим Демиров
  • Абас Мемедов
  • Амед Максудов
  • Али Шакиров
  • Велим Мустафов
  • Асан Селманов
  • Вели Реџепов
  • Ибраим Шарибегов
  • Ибраим Ашимов
  • Ибраим Аметов
  • Мамут Башов
  • Мустафа Алимов
  • Назим Јуруков
  • Рашид Асанов
  • Хусеин Налпаров
  • Сабри Неџипов

Според народната песна „Бесвичани ви селани“, стрелањето било извршено надвор од селото, во меснонста Лозача.

Песна посветена за жртвите[уреди | уреди извор]

Бесвичани ви селани[2]
Бесвичани ви селани,
штој сте толку замислени;
што сте толку замислени,
со главите наведнати.

-Как да не сме замислени,
замислени, ајде, зачудени;
чера застра ми дојдоја,
ми дојдоја, аман, Германците,

Германците, џанам, фашистите,
Не собраја, не собраја, аман,
не собраја на сред село,
не собраја и машко и женско.

И почнаа и почнаа
да се бират, аман, најарните,
најарните бесвичани,
најмладите, леле бесвичани;

ги собраја, ѝ построија, џанам,
ѝ построија, џанам еден до друг,
ѝ потеглија, џанам, надвор од село,
ѝ одвеоја, џанам у Лозача.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Манчевски Пинџур, Лазар (1988). Аспекти на македонската борбена поезија. Скопје: Култура. стр. 83–84. ISBN 398.87(497.17):940.534.97.7(049.3) Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help).
  2. Манчевски Пинџур, Лазар (1988). Аспекти на македонската борбена поезија. Скопје: Култура. стр. 109–110. ISBN 398.87(497.17):940.534.97.7(049.3) Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]