Масакр во Мехомиско (1923)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Масакр во Мехомиско — злосторство извршено од четници на Тодор Александров врз македонски селани од Разлошко (Мехомиско), Пиринска Македонија, во месец октомври 1923 година.[1]

Во 1923 година, од страна на ВМРО Автономистичка се ликвидирани голем број македонски дејци, активисти и револуцоинери од Пиринска Македонија.[2] Додека во месец октомври заедно се застрелани тројца селани од Разлошкиот крај бидејќи тие одбивале да ја признаат ВМРО Автономистичка на Тодор Александров и Александар Протогеров, како возобновителна организација на ВМРО.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Динев, Ангел (1983). Политичките убиства во Бугарија. Скопје: Култура-Скопје. стр. 336.
  2. Динев, Ангел (1983). Политичките убиства во Бугарија. Скопје: Култура-Скопје. стр. 328–336.