Бомбардирање на Битола (1940)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Италијанско бомбардирање на Битола
Дел од Грчко-италијанска војна
Датум 5 ноември 1940
Место Битола
Завојувани страни
 Италија  Југославија
Сила
3 бомбардери
Жртви и загуби
9 мртви
21 ранет

Бомбардирање на Битола во 1940 годинабомбардирање на Битола извршено од италијански авиони на 5 ноември 1940 година.[1][2][3]Се смета дека тоа го извршила по грешка италијанската авијација, чија земја неколку дена пред тоа започнала војна со Грција. Грчко-италијанската војна започнала со нападот на Италија од Албанија на 28 октомври 1940, а завршила со нападот на Германија на Грција на 6 април 1941 година.[3]

Бомбардирање[уреди | уреди извор]

Иако Кралството Југославија, во чиј состав била Битола, сè уште било неутрално спроти Втората светска војна, на 5 ноември 1940 година градот бил бомбардиран.

Денот бил пазарен ден и убав и се смета дека на улиците во Битола имало преку 10.000 луѓе.[3] Токму во најгустиот и најфреквентниот дел, некаде околу 13:45 часот, од правец на Лерин се појавиле три авиони, глетка вообичаена во тоа предвоено време, оттаму и незаинтересираноста на граѓаните. И додека тоа траело, одеднаш заглушувачки експлозии од гранати што ги фрлале авионите, го стресле центарот на градот и неколкуте поблиски улици и ги испаничиле граѓаните. Следувало и жестоко митралирање од авионите, потоа и дожд од челик и камења што се истурил врз покривите на куќите и улиците, па извици од болка на ранети поединци, кое уште повеќе ја зголемило паниката и бегствата низ улиците.[1]

Истиот ден околу 2:30 имало и втор напад од трите авиони, но овојпат сирените предупредиле за нивното доаѓање. Вториот бран бомбардирање траел десетина минути, но сликите од последиците биле страшни. Сирените се огласиле и втор пат најавувајќи трет напад, но истиот бил насочен на Лерин.[3]

Подоцна било утврдено дека врз градот паднале 21 граната од кои 3 не експлодирале.[1]

Загинати во бомбардирањето[уреди | уреди извор]

Во извештаите за овој настан се објавени и имињата на загинатите и повредените при бомбардирањето на Битола. Загинале следните лица:[3]

  1. Абедин Призренац, бозаџија од Призрен;
  2. Максимилијан Варла, пешадиски капетан прва класа;
  3. Ристе викан Ковач од Битола;
  4. Ташко Трајков(иќ), кројач од Битола;
  5. Илија Стојчев(иќ) од Вирово, Крушевско;
  6. Ахмед Арслан од Острец, Битолско
  7. Зарифа Хасан од Битола;
  8. Милан Ѓуканов(иќ) од Битола;
  9. Никола Николиќ – Крстиќ од Вирово, Крушевско

Ранети во бомбаридирањето[уреди | уреди извор]

Ранети биле следните лица:[3]

  1. Мирко Богданов(иќ) – (18 год., роден во Свињиште, Преспанско),
  2. Љубица Ристиќ (13 год., Битола),
  3. Надежда Ристиќ (7 год., Битола),
  4. Михајло Марков(иќ) (17 год., Битола),
  5. Манојло Ѓорѓев(иќ) (28 год., Битола),
  6. Ставро Јосипов(иќ) (46 год,. Битола),
  7. Оскар Миљев(ац) (26 год., Битола),
  8. Анастас Гогу (50 год., Битола),
  9. Ѓорѓи Љутвиев(иќ) (13 год., Битола),
  10. Петар Чаулев(иќ) (15 год., Битола),
  11. Асан Адија (20 год., Битола),
  12. Стеван Неделков(иќ) (27 год., Битола),
  13. Садиф Ариф,
  14. Стеван Неделков(иќ) (27 год., од Граешница, Битолско),
  15. Мица Петровиќ (26 год., Панчево),
  16. Ѓурѓа Трајков(иќ) (42 год., Бистрица, Преспанско),
  17. Василије Гру(иќ) (78 год., Битола),
  18. Коста Карлагани (66 год., Битола),
  19. Димитрија Ангелков(иќ) (18 год., Битола),
  20. Кирил Андреев(иќ) (22 год., Битола),
  21. Божидар Вујанац (пеш. поручник од Битола),
  22. Милан Станејчиќ, жандармериски наредник од Битола,
  23. Вангел Ристиќ, поднаредник од Битола,
  24. Јордан Домазетовиќ, каплар од Битола,
  25. Сотир Соколовиќ, каплар од Битола,
  26. Новак Јовановиќ, редов,
  27. Вангелица Павлов(иќ) (15 год. Битола)

Материјална штета[уреди | уреди извор]

Материјалната штета била огромна, од поголемите објекти настрадале (некои помалку, некои повеќе), Железничката станица, Офицерскиот дом, Поштата, Командата на дивизијата (општината), Аеродромот, како и многу поединечни станбени објекти. Настрадал домот на рабинот Романо, домот на д-р Чопи на „Широк Сокак“, Францускиот клуб, една постара куќа покрај црквата „Константин и Елена“ и др.

Една од трите неексплодирани гранати паднала врз домот на Маслинкови (ул. „Широк Сокак“ бр. 109), која ги пробила покривот, двете душемиња од катот и приземјето, каде имало берберница и каде неколку муштерии кои чекале ред за берберска услуга и се забила во визбата. Од бројката 400 сопственици кои подоцна добиле некакво материјално обесштетување, може само да се претпостави за големиот размер на штетите што биле нанесени. Веднаш била основана посебна градска комисија која брзо излегла и на терен. Според првичните оценки, штетата изнесувала високи 5 милиони динари.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Стерјовски, Александар (2020). Градби Битола. Битола: Конзулат на Република Србија во Република Македонија. стр. 73–77. ISBN 978-608-65122-8-6. |access-date= бара |url= (help)
  2. „Непознати авиони во текот на вчерашниот ден во три наврати ја бомбардираа Битола!“. Македонска нација. 11.03.2015. Посетено на 1 мај 2022. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 „На 5-ти ноември Битола беше бомбардирана од три италијански бомбардери“. Бабам Битола. 06.11.2019. Посетено на 1 мај 2022. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)