Масакр во Велес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Масакрот во Велес е масовно убиство на 53 затвореници што се случил на 15 јануари 1945 година во Велес извршен од страна на ОЗНА.

Настан[уреди | уреди извор]

На 15 јануари 1945 без јавно судење, биле стрелани 53 затвореници од велешкиот затвор, лица за кои имало сомневање дека биле озлогласени противници на НОБ и соработници со окупаторот. Без заокружена истражна постапка и без јавно судење за докажување на нивната вина, биле групно стрелани и масакрирани, а потоа и закопани во заедничка гробница која била откриена по педесет години. Ова преставува најголем масакр врз цивили извршен од ОЗНА во ослободена Македонија.[1][2]

Во својата книга Мојот татко - Методија Андонов Ченто, авторот Илија Андонов Ченто, вели дека првиот претседател на Президиумот на АСНОМ за таа работа дознал случајно и дека злосторствата започнале откако на на крајот на 1944 година, во Скопје, како гостин на Второто заседание на АСНОМ присуствувал Едвард Кардељ.[3]

Според бугарскиот историчар Коста Црнушанов затворениците се убиени, затоа што биле Македонци со бугарско национално чувство. Според овој бугарски историчар помеѓу жртвите имало припадници на ММТРО на ВМРО на Иван Михајлов, еден поранешен бугарски учител и други. [4] Според него, за масакрот биле одговорни Ратко Петровски (помошник-началник на ОЗНА), Боро Коробар и Киро Попадиче (командант на Велес), што е во согласност со претходно изнесеното мислење.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ѓорѓи Малковски, Ликвидации без јавни судења, „Нова Македонија“, 15 јануари 1995.
  2. „Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 924 стр.
  3. Андонов, Илија - Ченто, „Мојот татко - Методија Андонов Ченто“, Скопје, 1999, ISBN 9989-878-89-9
  4. Църнушанов, Коста, „Македонизмът и съпротивата на Македония срещу него“, Унив. изд. "Св. Климент Охридски", София, 1992.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]