Боро Коробар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Боро Коробар
Роден 11 мај 1912
Велес, Отоманско Царство
Починал 23 октомври 1989
Скопје, СФРЈ
Националност Македонец
Занимање партизан
политичар

Боро Коробар (роден на 11 мај 1912 година во Велес - починал на 23 октомври 1989 година во Скопје) — македонски партизанин, припадник на револуционерното движење меѓу двете светски војни.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Негов татко е револуционерот Ангел Корабар, брат му е Перо Коробар, и неговиот роднина Перо Д. Коробар, биле партизани.

Боро Коробар бил организатор и учесник на работничките протести и демонстрации во Велес (1935–1941). Во 1940 година станал член на КПЈ, а следната 1941 година станал секретар на Македонскиот Комитет на КПЈ за Велес. Во 1942 година учествувал во формирањето на НОПО „Димитар Влахов”. Во мај 1943, поради неговото ангажирање во НОД, бил осуден на 15 години затвор. По војната извршувал повеќе значајни функции: секретар на МК на КПМ за Велес, член на Контролната комисија за стопанство на Македонија, директор на Проектантското биро на Македонија и директор на ТП „Лафома” во Скопје.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коробар“. Македонска енциклопедија , книга I (А-Љ): стр. 737. (2009). Скопје: МАНУ.