Благој Ѓорев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Роден 8 февруари 1922
Велес, Кралство СХС
Починал 1 ноември 1942(1942-11-01) (воз. 20 г.)
Ново Село (Велешко)

Благој Димев Ѓорев (Велес, 8 февруари 1922Ново Село (Велешко), 1 ноември 1942) бил македонски комунист, учесник во НОБ.

Бил член на СКОЈ од 1940, а на Комунистичката партија од 1941 година. Бил младински и партиски активист од 1941, еден од првите борци на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“ (од април 1942). Во неговата куќа (1941) се печател партискиот весник „Народен глас“. Бил член на МК на КПЈ за Велес и секретар на СКОЈ (1942). Во Одредот ја извршувал функцијата заменик политички комесар. Учествувал во сите борбени судири со бугарската војска и полиција. Бил убиен во заседа од бугарската полиција.[1]

Во чест на Ѓорев е наречена велешката фабрика за маслени и прехранбени производи ПИ „Благој Ѓорев“, која стопанисува со марката „Кристал“.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 505
  2. За нас — ПИ „Благој Ѓорев“