Габровник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Габровник е село во Општина Чашка, во областа Азот, во околината на градот Велес.


Габровник
Габровник is located in Македонија
Габровник
Местоположба на Габровник во Македонија
Координати 41°31′35″N 21°29′44″E / 41.52639° СГШ; 21.49556° ИГД / 41.52639; 21.49556Координати: 41°31′35″N 21°29′44″E / 41.52639° СГШ; 21.49556° ИГД / 41.52639; 21.49556
Регион Азот
Општина Општина Центар Чашка
Население 9 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 530 м


Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото е наоѓа во средното сливно течение на реката Бабуна, а под северозападната падина на планината Бабуна, каде што атарот се допира со територијата на Општина Долнени и северниот раб на Пелагонија. Селото е ридско, на надморска височина од 610 метри. Од градот Велес, населбата е оддалечена 32 километри. Атарот зафаќа простор од 15,5 км2. [1]

Историja[уреди | уреди извор]

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Габровник живееле 225 жители, сите Македонци.[2]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Габровник имало 248 Македонци, од кои 152 егзархисти и 96 патријаршисти.[3]

Според пописот од 2002 година селото имало 9 жители, сите Македонци.[4]

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[5]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 225[2] 248[3] 140 142 45 19 8 6 1 9

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Митко Панов, Енциклопедија на селата во Република Македонија, стр.55
  2. 2,0 2,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 157.
  3. 3,0 3,1 Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, pp. 118-119.
  4. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]