Витанци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Витанци
Дел од раселеното село Витанци.jpg

Поглед на дел од раселеното село Витанци

Витанци is located in Македонија
Витанци
Местоположба на Витанци во Македонија
Координати 41°38′40″N 21°43′17″E / 41.64444° СГШ; 21.72139° ИГД / 41.64444; 21.72139Координати: 41°38′40″N 21°43′17″E / 41.64444° СГШ; 21.72139° ИГД / 41.64444; 21.72139
Регион Logo of Vardar Region.svg Вардарски
Општина Coat of arms of Čaška Municipality.svg Чашка
Област Гроот
Население 0[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1413
Повик. бр. 043
Надм. вис. 280 м
Витанци на општинската карта
Витанци во Општина Чашка.svg

Атарот на Витанци во рамките на општината
Commons-logo.svg Витанци на Ризницата


Витанци — село во областа Гроот, во Општина Чашка, во околината на градот Велес.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Гроот, во источниот дел на територијата на Општина Чашка, сместена на водоразделието на реките Бабуна и Тополка, од левата страна на патот Велес-Чашка.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 280 метри.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Витанци било село во рамките на Велешката каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот зафаќа површина од 5,3 км².[2]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Витанци имало 60 жители.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Витанци имало 80 жители.[4]

Селото е наполно раселено во 1971 година, кога што броело 10 жители, македонско население.[2]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Витанци немало жители.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[5] 1905[6] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 60 80 128 58 3 10 0 0 0 0
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Чашка, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Чашка.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Титов Велес. Селото припаѓало на некогашната општина Чашка во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Војница, во која покрај селото Витанци, се наоѓале и селата Војница, Крајница и Ораовец. Општината Војница постоела и во периодот 1950-1952 година.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамки на изборното место бр. 2237 според Државната изборна комисија, кое е сместено во селска зграда во селото Војница.[8]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 19 гласачи.[9]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 8 август 2018. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 55. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 8 август 2018 г. 
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 158.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 118-119.
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  8. „Описи на ИМ“. конс. 8 август 2018. 
  9. „Локални избори 2017“. конс. 8 август 2018. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]