Војница

Координати: 41°36′11″N 21°44′56″E / 41.60306° СГШ; 21.74889° ИГД / 41.60306; 21.74889
Од Википедија — слободната енциклопедија
Војница

Поглед на селото Војница

Војница во рамките на Македонија
Војница
Местоположба на Војница во Македонија
Војница на карта

Карта

Координати 41°36′11″N 21°44′56″E / 41.60306° СГШ; 21.74889° ИГД / 41.60306; 21.74889
Регион  Вардарски
Општина  Чашка
Област Клепа
Население 11 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1413
Повик. бр. 043
Шифра на КО 29012
Надм. вис. 300 м
Војница на општинската карта

Атарот на Војница во рамките на општината
Војница на Ризницата

Војница — село во областа Клепа, во Општина Чашка, во околината на градот Велес.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Клепа, во источниот дел на територијата на Општина Чашка, сместено во средното сливно подрачје на реката Бабуна, од левата страна на патот Велес-Чашка.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 300 метри. Од градот Велес, селото е оддалечено 17 километри.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Подрачјето на селото е населено уште од римско време, за што сведочат наоѓалиштата Обрамос и Ритчиња во сеерозападниот и североисточниот крај на атарот.[3]

Во XIX век, Војница било село во рамките на Велешката каза на Отоманското Царство.

При Втората светска војна, во селото била создадена Дванаесеттата македонска бригада.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот е мошне голем и зафаќа простор од 22,7 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 1.627,3 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 475,3 хектари, а на шумите само 9,4 хектари.[2]

Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948545—    
1953497−8.8%
1961320−35.6%
1971313−2.2%
198198−68.7%
ГодинаНас.±%
199150−49.0%
199441−18.0%
200232−22.0%
202111−65.6%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Војница имало 950 жители.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Војница имало 1.216 жители.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 550 Македонци.[6]

Во 1961 година селото броело 320 жители, од кои 294 биле Македонци, а 21 Албанец, додека во 1994 година бројот се намалил на 41 жител, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Војница имало 32 жители, сите Македонци.[7]

Како и повеќето села во Македонија, така и населението на Војница поради миграционите процеси константно се намалува и се наоѓа пред целосно раселување.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 11 жители, од кои 4 Македонци, 1 Албанец, 1 останат и 5 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 950 1.216 545 497 320 213 98 50 41 32 11
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови[уреди | уреди извор]

Војница е македонско село.

Според истражувањата од 1966-67 година родови во селото се:

  • Староседелци: Неделковци (2 к.), Ѓиовци (3 к.), Марковци (2 к.), Јанковци (2 к.), Таневци (2 к.), Малезановци ( 2 к.), Димовци-Попови (2 к.), Ѓајинци (1 к.), Ѓорчевци (1 к.), Цветевци (1 к.), Бисерковци (1 к.), Војничалиеви (1 к.), Ѓоргијовци (1 к.), Горгијовци (1 к.), , Темелковци (1 к.), Јовевци (1 к.), Мирчевци (1 к.), Јаневци (1 к.), Сараѓиновци (3 к.), Петковци (1 к.), Стојановци (5 к.), Манчевци (2 к.), Кузевци (1 к.), Анчевци (1 к.) и Бошковци (1 к.). Од родот Неделковци потекнувал познатиот револуционер и писател, Коле Неделковски.
  • Доселеници: Мартолчани (3 к.) и Мицевци (2 к.) доселени се во 1905 година од селото Мартолци; Стојковци (2 к.) и Ѓурчиновци (1 к.) доселени се од мијачкото село Папрадиште, подалечно потекло од мијачкиот крај; Теовци (1 к.) тие се доселени од селото Мартолци, таму припаѓале на родот Секуловци; Шоповци (2 к.), Драшкачовци (3 к.) и Карбевци (1 к.) доселени се од селото Крива Круша; Дурчевци (2 к.) доселени се од сега раселеното село Витанци; Андовци (1 к.) доселени се од селото Црешнево; Пановци (1 к.) доселени се во 1966 година од селото Скачинци, таму се викале Чаушевци.[13]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Чашка, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Чашка.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Титов Велес. Селото припаѓало на некогашната општина Чашка во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Војница, во која покрај селото Војница, се наоѓале и селата Витанци, Крајница и Ораовец. Општината Војница постоела и во периодот 1950-1952 година.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 2237 според Државната изборна комисија, кое е сместено во селска зграда во селото Војница. Во него влегува и населеното место Витанци.[14]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 19 гласачи.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 18 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Св. Атанасиј“, прогласена за културно наследство на Македонија
Спомен-куќата на Коле Неделковски
Археолошки наоѓалишта[17]
Цркви[18]
Манастири
Спомен-куќи
Реки[19]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Војница
Починати во Војница

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Од селото се има иселено огромен број на жители, во иселувањето учествувале сите родови, а има и целосно иселени родови. Највеќе иселеници од селото има во Скопје, Велес, Прилеп и Битола.[13]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 57. Посетено на 13 август 2018.
  3. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 64. ISBN 9989-649-28-6.
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 159.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 118-119.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 13 август 2018.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. 13,0 13,1 Трифуноски, Јован (1968). Област Бабуне и Тополке. Скопје.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 13 август 2018.
  15. „Локални избори 2017“. Посетено на 13 август 2018.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  17. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  18. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  19. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 10. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  20. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 129.
  21. Крайничанецъ, Иван П (1942). Спомени отъ изминалия пѫтъ въ живота ми. Книга I. Скопие: Печатница Крайничанецъ А. Д. стр. 89.
  22. Михайлов, Иван. Спомени II. Освободителна борба 1919 – 1924, Льовен, 1965, стр. 706.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]