Црква „Св. Атанасиј“ - Војница (селска)
- Оваа статија се однесува за главната селска црква во Војница, за истоимената манастирска црква во селото видете ја оваа статија.
Свети Атанасиј | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Повардарска |
| Архијерејско намесништво | Велешко |
| Парохија | Изворска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°36′18″N 21°45′00″E / 41.60500°N 21.75000°E |
| Место | Војница |
| Општина | Чашка |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Атанасиј Александриски |
| Изградба | XIX век |
| Архитектонски опис | |
Свети Атанасиј — главна селска црква во селото Војница.[1][2]
Црквата се наоѓа во самото село, а околу нејзе се наоѓаат и селските гробишта. Таа е во крајно запуштена состојба и постои опасност да се урне.
Црквата претставува заштитено културно наследство на Македонија од 1953 година поради архитектурата на објектот и специфичната изработка на икони и фрески, кои се од непознат автор.[3]
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата е изградена на почетокот на XIX век.[3]
Денешна состојба
[уреди | уреди извор]Црквата се распаѓа, а со неа и иконите, фреските и црковните книги. Иако црквата е заштитен споменик на културата, ништо не е преземено за нејзина заштита. Жителите со страв влегуваат во црквата, бидејќи објектот е руиниран и постои можност за рушење на покривот. Изготвениот проект за нејзина санација чинел 10.000 евра, но сепак не бил реализиран поради недостиг на средства. Покривот на црквата прокиснува точно над иконостасот, а таваните се напукнати. За да се зачуваат дел од иконите и црковните книги, се чуваат на сигурно и тајно место.[3]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Фрескоживопис
[уреди | уреди извор]Најстарата фреска во црквата потекнува од 1821 година, но црквата била изградена претходно, но нема пишан документ за тоа.[3]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Предниот дел на црквата
- Фреска над влезот во црквата
- Внатрешноста на црквата
- Влезот во црквата
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Изворска парохија“. Повардарска епархија. Посетено на 14 август 2018.
- 1 2 3 4 Печков, Петар (25 мај 2006). „Цркви оставени само на божја милост“. Ти реков ми рече. Посетено на 14 август 2018.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Атанасиј“ - Војница (селска) на Ризницата ?
| ||||||||


