Изворска парохија
Изглед

Изворска парохија — православна парохија на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, дел од Велешкото архијерејско намесништво на Повардарската епархија. Нејзиното седиште е во црквата „Св. Атанасиј“ во селото Извор.
Парохијата ја сочинуваат селата: Бусилци, Владиловци, Војница, Долно Врановци, Извор, Крајници, Поменово, Попадија, Смиловци, Стари Град, Степанци и населбата Превалец, во близина на Велес. Парохиски свештеник е Димче Спасев.[1]
Цркви
[уреди | уреди извор]Ова е список на црквите во парохијата.[2] Можно е списокот да е нецелосен.
| име | населено место | изградена | слика |
|---|---|---|---|
| Црква „Св. Илија“ | Бусилци | XIX век | |
| Црква „Св. Никола“ | Владиловци | XVII век | |
| Црква „Св. Ѓорѓи“ | Владиловци | ||
| Црква „Св. Атанасиј“ | Војница | XIX век | |
| Црква „Св. Атанасиј“ | Војница | ||
| Црква „Св. Илија“ | Војница | ||
| Црква „Св. Илија“ | Долно Врановци | ||
| Црква „Св. Атанасиј“ (парохиска црква) |
Извор | XIX век | |
| Црква „Св. Атанасиј“ | Извор | ||
| Црква „Св. Никола“ | Крајници | ||
| Црква „Св. Димитриј“ | Поменово | ||
| Црква „Св. Богородица“ | Попадија | ||
| Црква „Св. Богородица“ | Превалец | ||
| Црква „Св. Петар и Павле“ | Смиловци | ||
| Црква „Св. Димитриј“ | Стари Град | ||
| Црква „Св. Никола“ | Степанци | ||
| Црква „Св. Димитриј“ | Степанци | ||
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Повардарска епархија - Архиерејско намесништво Велес“. Повардарска епархија. Посетено на 17 август 2018.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Изворска парохија на Ризницата ?- Информации за парохијата — страница на Повардарската епархија