’Рлевци
’Рлевци — село во Општина Велес, во околината на градот Велес.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Ова е село во северниот дел на Општина Велес, чиј атар се допира до Скопската Котлина. Селото е ридско и лежи на надморска височина од 540 метри.
Историја[уреди | уреди извор]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Население[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во ’Рлевци живееле 280 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во ’Рлевци имало 160 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според пописот од 2002 година, селото, ’Рлевци има 18 жители, сите Македонци.[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 9 жители, од кои 5 Македонци и 4 лица без податоци.[5]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 280 | 160 | 401 | 396 | 356 | 282 | 124 | 41 | 35 | 18 | 9 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Родови[уреди | уреди извор]
’Рлевци е македонско село.
Според истражувањата од 1966 година, родови во селото се:
- Староседелци: Лавчиовци (5 к.) според родовското презиме имаат потекло од некогашното одамна раселено велешко село Лавчани близу денешното село С'лп крај десниот брег на Вардар и имаат далечни роднини во селото Белештевица, Петревци (4 к.), Дрнковци (3 к.), Науновци (1 к.), Угриновци (1 к.), Здравковци (10 к.), Саздовци (4 к.) и Ѓоргијовци (2 к.)
- Доселеници: Цуцуловци (4 к.) и Анчевци (2 к.) порано биле еден род. Доселени се однекаде; Дреновчани или Василковци (7 к.) доселени се од селото Дреново; Белештевци (3 к.) доселени се од селото Белештевица; Карбуневци (2 к.) доселени се од селото Карабуниште.[10]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 2198 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на објект на месна заедница.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 9 гласачи.[12]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Опшествени институции[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 157. ISBN 954430424X.
- ↑ D.M.Brancoff. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, рр. 118 – 119.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1968). Областа на Бабуна и Тополка.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|