Ораовец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ораовец
Стара куќа во селото Ораовец (1).jpg

Стара куќа во селото

Ораовец се наоѓа во Republic of Macedonia
Ораовец
Местоположба на Ораовец во Македонија
Координати 41°38′07″ СГШ 21°45′33″ ИГД / 
Регион Logo of Vardar Region.svg Вардарски
Општина Coat of arms of Čaška Municipality.svg Чашка
Област Клепа
Население 19[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1413
Повик. бр. 043
Надм. вис. 460 м
Commons-logo.svg Ораовец на Ризницата


Ораовец — село во областа Клепа, во Општина Велес, во околината на градот Велес.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Стара куќа во селото

Селото се наоѓа во областа Клепа, во југозападниот дел на територијата на Општина Велес, во долното сливно подрачје на реката Бабуна, од нејзината десна страна.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 460 метри. Од градот Велес, селото е оддалечено 14 километри.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Ораовец било село во рамките на Велешката каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот зафаќа површина од 15,3 км². На него преовладуваат шумите на површина од 1.308 хектари, на пасиштата отпаѓаат 939 хектари, а на обработливото земјиште 249 хектари.[2]

Селово, во основа, има мешовита земјоделска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Ораовец имало 620 жители.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ораовец имало 696 жители.[4]

Селото е мало и е во фаза на целосно раселување. Така, тоа во 1961 година имало 205 жители, а во 1994 година само 28 жители, македонско население.[2]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Ораовец имало 19 жители, сите Македонци.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[5] 1905[6] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 620 696 357 328 205 119 51 30 28 19
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Велес, која била намалена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Велес.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Титов Велес. Селото припаѓало на некогашната општина Градско во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Војница, во која покрај селото Ораовец, се наоѓале и селата Витанци, Војница и Крајници. Општината Војница постоела и во периодот 1950-1952 година.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото се наоѓа изборното место бр. 2207 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватен објект.[8]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 10 гласачи.[9]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Поглед на главната селска црква „Вознесение Христово“
Археолошки локалитети[10]
Цркви

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Ораовец

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“. Завод за статистика на Македонија. 2002. http://www.stat.gov.mk/Publikacii/knigaX.pdf. посет. 31 август 2018 г. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 220. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 31 август 2018 г. 
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 158.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 118-119.
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. http://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Popisi__PopisNaNaselenie__PopisiNaseleniMesta/Popisi_nm_1948_2002_NasPoVozrPol_mk.px/?rxid=46ee0f64-2992-4b45-a2d9-cb4e5f7ec5ef. 
  8. „Описи на ИМ“. http://mojotizbor.mk/arhiva/parlamentarni-izbori-2011/9-uncategorised/194-opisi-na-izbiracki-mesto.html. посет. 31 август 2018 г. 
  9. „Локални избори 2017“. https://rezultati.sec.mk/Local/Results?cs=mk-MK&r=r&rd=r1&eu=All&m=78&ps=2638. посет. 31 август 2018 г. 
  10. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски[уреди | уреди извор]