Милан Арсов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Милан Арсов
Роден 1884
Ораовец, Македонија
Починал 8 јуни 1908
Мурзук, денес Либија

Милан Арсов — македонски револуционер - анархист, член на Гемиџиите и еден од солунските атентатори.

Животопис[уреди | уреди извор]

Милан Арсов е роден во Ораовец, тогаш во рамките на Османлиското Царство. Учел во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ [1] и Битолската машка егзархиска гимназија но не ги завршил [2].

Во Солун се запознал со анрахистичките идеи на Гемиџиите и станал дел од нив. Како таков учествувал во Солунските атентати во 1903 година.

На 28 април (нов стил) Димитар Мечев, Илија Трчков и Милан Арсов извршиле атентат на железничката линија Солун - Цариград, од експлозијата биле оштетени локомотивата и неколку вагони, но од патниците немало повредени.

Следниот ден Арсов фрлил бомба во летииот театар Алхамбра, крај морето. Иако намерно бил оставен подолг фитил, за да нема човечки жртви, загинал еден келнер.[3]

Арсов е еден од четворицата преживеани гемиџии кој биле изведени пред специјален воен суд. Заедно со Павел Шатев, Георги Богданов и Марко Бошнаков е осуден на смрт, но казната била преиначена во доживотен затвор и тој, заедно со останатите атентатори, бил испратен на Фезан во Африка.

На 8 јули 1908 година во Мурзук починал од туберкулоза. Неговиот череп од страна на Павел Шатев и Георги Богданов бил вратен во Македонија.[4][5]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. списание "L'Illustration", од 27.V.1903 г., цитирано по Павел Шатев, „В Македония под робство“
  2. Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 85.
  3. Павел Шатев, „Солунскиот атентат и заточениците во Фезан“, глава 4.
  4. Кратки биографии на атентаторите
  5. „Мариан Гяурски, „Анархизмът в македоно-одринското националнореволюционно движение: Солунските атентатори". Архивирано од изворникот на 2011-05-16. Посетено на 2011-01-22.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Институт за историја - Филозофски факултет, Скопје.
  • К. Битоски, Солунски атентати, Скопје, 1985.
Гемиџии
Јордан Поп Јорданов - Орцето | Константин Кирков | Павел Шатев | Марко Бошнаков | Цветко Трајков | Георги Богданов | Милан Арсов | Димитар Мечев | Владимир Пингов | Илија Трчков | Димитар Коштанов