Чалошево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Чалошево
Чалошево is located in Македонија
Чалошево
Местоположба на Чалошево во Македонија
Координати 41°45′17″N 21°47′46″E / 41.75472° N; 21.79611° E / 41.75472; 21.79611Координати: 41°45′17″N 21°47′46″E / 41.75472° N; 21.79611° E / 41.75472; 21.79611
Регион Logo of Vardar Region.svg Вардарски
Општина Coat of arms of Veles Municipality.svg Велес
Област Повардарие
Население 210 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1400
Повик. бр. 043
Шифра на КО 29081
Надм. вис. 260 м
Чалошево на општинската карта
Чалошево во Општина Велес.svg

Атарот на Чалошево во рамките на општината
Commons-logo.svg Чалошево на Ризницата


Чалошево или Чолошево — село во Општина Велес, во областа Повардарие, во околината на градот Велес, централна Македонија.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Повардарие во рамничарски предел, на надморска височина од 260 м. Атарот зафаќа површина од 6,3 км2.[1] Чалошево е сместено на 5 км северно од Велес и на 1 километар од патот Скопје-Велес, а на половина пат е денешната приградска населба Дурутовец.

Историја[уреди | уреди извор]

Подрачјето на Чалошево е населено уште од римско време, за што сведочи тумулот во наоѓалиштето Кула на 2 км југоисточно од селото.[2]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Чалошево е село со 24 домаќинства сочинето од 73 жители Македонци и 24 муслимани.[3][4]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Чал’шево (Чалъшево) било мешано македонско-турско село со 60 жители Македонци христијани и 190 Турци.[3][5]

На почетокто на XX век целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Чалишево имало 64 Македонци под егзархијата.[3][6]

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Чалишлар (Čališlar) како македонско-турско село.[3][7]

Во 1950-тите преостанатите Турци го напуштиле селото, а на нивно место се населиле Срби, иако во помал број.[8]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Чалошево има полјоделско стопанство. Располага со 407 ха обработливо земјиште и 142 ха пасишта.[1]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[9] 1905[10] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 250 [11] 161 180 179 177 197 197 187 210
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Иако во првите децении на XX век населението на Чалошево опаднало, по Втората светска војна тоа бележи постојан пораст, веројатно поради близината на градот Велес. Со заминувањето на Турците во 1950-тите (55 лица), во селото се населиле 24 Срби. Со текот на годините српското население опаѓало, а македонското се зголемувало.[8]

Според пописот од 2002 г. селото имало 216 жители, од кои 206 Македонци, 3 Срби и 1 останат.[8]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборното место бр. 2183 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 166 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта
  • Кула — тумул од римско време

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Според истражувањата направени во 1935 г. родови со потекло од Чалошево има во следниве населени места:[16]

  • Башино Село, Оп. Велес: Ристови, Илчеви, Трајковци и Лашпетковци
  • Сопот, Оп. Велес: Гулевци и Давчеви

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (изд. I.). Скопје: Патрија. стр. 316. ISBN 9989-862-00-1.
  2. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 88. ISBN 9989-649-28-6.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 184-185.
  5. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 157.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 118-119.
  7. Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
  8. 8,0 8,1 8,2 Чалошево — Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. 64 Македонци, но не се знае колку немакедонци.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. Освет на камен-темелник
  14. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. Филиповиќ, Миленко. Северни велешки села. Белград, 1935. стр. 553

Надворешни врски[уреди | уреди извор]