Бузалково
Бузалково — село во северозападниот дел на Општина Велес под јужната падина на ридот Гроот, во сливното подрачје на реката Тополка.
Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото спаѓа во категоријата на ридски села со надморска височина од 500 метри. Од градот Велес селото е оддалечено 12 км.
Историja[уреди | уреди извор]
Економија[уреди | уреди извор]
Во селото има повеќе продавници - колонијали.
Демографија[уреди | уреди извор]
Од демографски аспект е интересно што во 1961 година селото имало 605 жители од кои 522 Турци и 24 Албанци. Но, со иселувањето на Турците во Турција, денес Бузалково има 1.273 жители од кои 1.248 се Албанци и 22 Турци.
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Во Бузалково се наоѓа амбуланта, осумгодишно основно училиште, пошта.
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постојат изборните места бр. 2201 и 2201/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[1]
На претседателските избори во 2019 година, на овие изборни место биле запишани вкупно 1.219 гласачи.[2]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Споменик во чест на НОБ бил изграден во селото.
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Кошаркарскиот репрезентативец Владимир Брчков, моментално играч на КК Кожув, е роден во ова село. Тој основното училиште го завршил во своето родно село, а гимназија во градот Велес.
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
Оваа статија за за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|