Црквино

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Црквино
Црквино (Велешко).jpg

Поглед на селото Црквино од ридот Тисовец

Црквино is located in Македонија
Црквино
Местоположба на Црквино во Македонија
Координати 41°39′25″N 21°47′43″E / 41.65694° СГШ; 21.79528° ИГД / 41.65694; 21.79528Координати: 41°39′25″N 21°47′43″E / 41.65694° СГШ; 21.79528° ИГД / 41.65694; 21.79528
Општина Општина Велес
Население 363 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 340 м


Црквино е село во Општина Велес, во околината на градот Велес.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Црквино се наоѓа во југозападниот дел на територијата на Општина Велес, од десната страна на реката Бабуна. Селото е ридско, на надморска височина од 340 метри. Од градот Велес населбата е оддалечена 9 километри. Атарот зафаќа простор од 19,6 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 1232 ha, на обработливото земјиште отпаѓаат 371 ha, а на шумите 121 ha. Селото има полјоделско-сточарска функција.

Историја[уреди | уреди извор]

Во минатото селото Црквино било село со мешан етнички и верски состав на населението. Во него живееле православни христијани Македонци и муслимани Турци, при што Македонците биле во поголем број и претставувале мнозинство, а Турците имале поголеми имоти и поседи.

Во текот на 50-тите години на XX век со договорот за иселување на муслиманско население од Југославија во Турција, на местото на иселените Турци од Црквино започнале да се доселуваат Бошњаци од областа Санџак во Србија и Црна Гора, кои исто така биле на пат за иселување во Турција, кое во тоа време единствено било возможно само преку Македонија. Во периодот помеѓу 1953-1957 многу Бошњаци се доселиле на имотите на Турците кои ги продавале за многу евтини и багателни цени[1].

Предание за Марковата Црква[2]

Во преданието „Маркова Црква“ станува збор за месност каде што претходно се наогала Марковата црква во селото. Според преданието, црквата ja подигнал Марко Крале пред доаѓањето на Турците во Македонија, вepojaтно врз темели на постара црква од времето на богомилското движење. Црквата била една од нивните центри од кaj што тие ги проповедале своите идеи. Турците, сакајќи да го задушат христијанството, ja урнале црквата. Понатаму преданието вели дека некој Турчин сакал да земе од урнатата црква една греда. Ja товарил гредата на колата, си тргнал за дома, но „на едно сто-двесте метра одма се скамениле и колата и воловите, а и Турчинот умрел". Скаменувањето во ова предание доаѓа како резултат на извршениот престап на Турците кои ja урнале црквата.

Потекло и значење на името[уреди | уреди извор]

Името на селото Црквино доаѓа од „староземанската црква“ (средновековната црква Свети Ѓорѓи) во горното маало, која е опкружена со муслимански куќи[3].

Население[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Црквино живееле 410 жители, од кои 350 Македонци и 60 Турци.[4]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Црквино имало 128 Македонци, егзархисти.[5]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 363 жители.[6]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[7]

Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 377
1953 130 275 32 437
1961 89 1 341 ... ... 10 ... 20 461
1971 41 57 72 ... 8 ... 238 416
1981 4 87 ... 380 471
1991 8 14 ... 390 412
1994 5 7 ... 329 341
2002 2 25 12 336 363

Најголем дел од населението кое се определило како останати, всушност претставуваат Бошњаци, бидејќи во периодот 1961 - 1994 не постоело можност за декларирање на бошњачки народ.

Родови[уреди | уреди извор]

Црквино е мешано македонско-албанско-бошњачко село, со големи промени на населението кои се засведочени од записи според истражувањата од 1914 и 1966-67 година, каде се забележани следните родови во селото:

  • Македонски: Чавдаровци, Никовци[3] Ќосевци (слават Св. Никола), Недевци (или Неделци), Кушарци (слават Свети Ѓорѓи)[3] Мурговци (слават Света Петка), Даш(с)ковци (слават Св. Недела), Манасиевци, Мицевци (слават Свети Димитрија)[3] ова се стари родови, односно староседелци; Јаневци дошле во 1840 г. од чифлик од Горно Караслари[3], Богоевци (2 к.) и Костовци доселени се од селото Крајница; Коневци (2 к.) доселени се од селото Никодин, Тиквешко/Прилепско.
  • Бошњачки: Саботиќи, Прпузовиќи, Адиловиќи, Ајдарпашиќи, Зверотиќи, Калачи, Јаворовци, Плаовци, Турковиќи, Адровиќи, и уште некои други. Сите заедно имаат 58 домаќинства. Доселени се од околината на Иванград (20 к.), околината на Нови Пазар (10 к.), Тутин (10 к.), Рожае (10 к.) и Сјеница (8 к.).
  • Албански: Албанците се најнови доселеници во Црквино, тие дошле од селата Седларево, Корито и Дуф во Полог. Како и од околината на Призрен во Косово.[8]
  • Турски: Козевци-Емушовци и Мечовци биле старинечки родови кои се потурчиле од јуручките[3]. Доселени турски родови биле: Ферат-Асанлар, Адилар, Аџилар, Билманлар, Садиклар, Топалали, Дураклар, Мемед-Алилар, Алимлар, Реџеплер, Таирлар дошле од „Јуруклук, од преку Вардар“ во средината на XVIII век, по потекло Јуруци[3].

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки локалитети[9]

Цркви[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Од селото се имаат целосно иселено Турците. Тие после 1912 година почнале постепено да се иселуваат во Турција, турските родови биле следните: Адиловци, Алијовци, Казовци, Дураковци, Оџовци, Елезовци, Гкчевци, Шабановци и др. Во селото постоело и влашко население, кое исто така се иселило, заминале во Овче Поле и Велес. Од Македонците во постаро време се иселувало населението во Велес, потоа иселеници има и во некои околни и подалечни села, како Ораовец (Јаневци), Грнчиште (Десковци), Бусилци (Сиркаровци).[8]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://www.almanah.co.me/Ostale/PDF/casopis/Almanah%2021-22%20-%20PDF.pdf
  2. Вражиновски, Танас (1986) (на македонски). Македонски народни преданија. I (1 издание). Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“. ISBN 9789989489372. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Радовановиќ, Воислав (1924). Јован Цвииќ. уред (на српски). Тиквеш и Раец - антропогеографски испитувања. 29 (Српски етнографски зборник издание). Белград: Српска краљевска академија и Графички завод "Макарије"). стр. 472–473. 
  4. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 158.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 118-119.
  6. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  7. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  8. 8,0 8,1 Трифуноски, Јован (1968). Област Бабуне и Тополке. Скопје. 
  9. Коцо, Димче (1996).Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  10. „Се распаѓа црквата „Свети Ѓорѓи“ во велешкото село Црквино“ (македонски). еПорта3. 22.01.2009. конс. 2011-03-20. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]