Рудник (Велешко)
Рудник — село во Општина Велес, во околината на градот Велес.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Историја[уреди | уреди извор]
- Масакр кај Пуста Кула — злосторнички чин на бугарската војска на 14 септември 1942 година.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Рудник живееле 360 жители, од кои 3640 Македонци и 20 Турци.[1]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Рудник имало 408 Македонци, од кои 280 патријаршисти и 128 под врховенството на Бугарската егзархија.[2]
Според последниот попис од 2002 година, во селото имало 42 жители, сите Македонци.[3]
На табелата е прикажан бројот на населението низ сите пописни години:[4]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 200[1] | 480[2] | 501 | 494 | 508 | 385 | 151 | 77 | 47 | 42 |
Родови[уреди | уреди извор]
Рудник е македонско село.
Според истражувањата од 1929 година, родови во селото се:
- Староседелци: Станковци кои се делат на Мерџовци (1 к.), Ѓуровци (2 к.), Бурчевци (4 к.), Грковци (9 к.) и Павлевци (2 к.), потоа, Чакаревци (2 к.), Шарковци (5 к.), Гоговци (2 к.), Бошковци (4 к.), Мишевци (1 к.) и Бучуковци (1 к.).
- Доселеници: Анчевци (3 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Каласлари; Басаровци (4 к.) доселени се од селото Сопот; Шумантевци (2 к.) доселени се од селото Иванковци; Шабановци (6 к.) доселени се од Крушје; Кушевци или Србиновци (1 к.) доселени се од Иванковци; Петковци (1 к.) доселени се од некое село во Овче Поле; Домазетовци (1 к.) доселени се од селото Лугунци; Дамчевци (1 к.) потекнуваат од домазет кој дошол во 1918 година од селото Злести во Дебрца. Овде влегол во родот Шабановци.[5]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 2190 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на објект сопственост на здравковиќ росанда. Во ова избирачко место е опфатено и селото Ветерско и Лугунци.[6]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 31 гласач.[7]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта[8]
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
- Родени во Рудник
- Панче Бурчевски (? - 14 септември 1942) - македонски борец
- Перо Грковски (? - 14 септември 1942) - македонски борец
- Андреја Басаровски (? - 14 септември 1942) - македонски борец
- Атанас Димовски (? - 14 септември 1942) - македонски борец
- Душан Димитриевски (? - 14 септември 1942) - македонски борец
- Јован Басаровски (15 август 1922 — 21 март 1943 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
- Починати во Рудник
- Камка Тоцинова од Велес (? - 14 септември 1942) - македонски борец
- Амед Лојков од с. Иванковци (? - 14 септември 1942) - македонски борец
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 156.
- ↑ 2,0 2,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 118-119.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Филиповиќ, Миленко (1935). Северна велешка села. Белград: Етнографски музеј.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 79. ISBN 9989-649-28-6.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|