Крушје (Велешко)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Крушје
Крушје (Велешко).jpg

Поглед на Крушје

Крушје is located in Македонија
Крушје
Местоположба на Крушје во Македонија
Координати 41°52′40″N 21°45′59″E / 41.87778° N; 21.76639° E / 41.87778; 21.76639Координати: 41°52′40″N 21°45′59″E / 41.87778° N; 21.76639° E / 41.87778; 21.76639
Регион Logo of Vardar Region.svg Вардарски
Општина Велес
Шифра на КО 29035
Крушје на општинската карта
Крушје во Општина Велес.svg

Атарот на Крушје во рамките на општината

Крушје — село во крајниот североисточен дел на Општина Велес во околината на градот Велес во сливното подрачје на реката Отовица.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото е ридско на надморска висошина од 300 метри, а од градот Велес е оддалечено 13 километри.

Историja[уреди | уреди извор]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2002 година, селото има само 1 жител, Турчин.[1] Денес селото е целосно раселено.

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[2]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 238
1953 262 ... 262
1961 138 94 ... ... 1 ... 37 270
1971 72 22 ... ... 32 126
1981 11 37 ... 17 65
1991 14 ... 14
1994 1 ... 8 9
2002 1 1

Родови[уреди | уреди извор]

Крушје било турско село

Според истражувањата од 1952 година, родови во селото се:[3]

Турски

  • Родови од словенско потекло: Смаколар (3 к.), Таракчилар (2 к.), Одолар (1 к.), Мемишлер (1 к.), Бајрамлар (2 к.), Мрлелер (2 к.), Иљазлар (2 к.), Узун-Али (2 к.), Алиманлар (2 к.) и Беќиралар (1 к.) сите овие родови се доселени од селото Брод во Гора. Во родот Смаколар се знае следната генеологија Фазли (жив на 60 г. во 1952 година) Ибраим-Усеин-Арслан-Исмаил, кој се доселил во селото; Торбешлар (5 к.) доселени се во 1915 година од селото Броштица во дебарско. Кога се доселиле збореле македонски; Муса-Зеќир (3 к.) доселени се во 1915 година од селото Мелница. И они кога се доселиле збореле македонски; Жителите на селото највеќе брачни врски одржувале со Турците од Средно и Долно Коњари.
  • Родови од турско потекло: Оџалар (4 к.) доселени се во 1925 година од селото Средно Коњари. Таму имале роднини наречени Имерлер; Каранџа (1 к.), Мула-Имер (1 к.) и Иплер (1 к.) и они се доселени од селото Средно Коњари.

Ромски

  • Доселеници: Неџолар (3 к.) зборуваат ромски. Жителите на овој род се ковачи. Доселени се од селото Средно Коњари.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Изборно место[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено изборното место бр. 2189 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на објект во сопственос на ордевски никола на селото Џидимирци.[4]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 26 гласачи.[5]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

До 1952 година од селото во Турција се иселиле околу 40 семејство. Иселувањето продолжило и потоа. Во 1958 година во селото се населиле Бошњаци од Санџак. Но и тие се иселиле од селото.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  2. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  3. 3,0 3,1 Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике. Скопје.
  4. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  5. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]