Џидимирци

Од Википедија — слободната енциклопедија

Џидимирци e топоним кој може да се однесува на:

Потекло, настанок и значење[уреди | уреди извор]

Џидимирци е име кое што го носат две села во Македонија, едно во Велешко и едно во Неготинско. Голема занимливост е тоа што иако двете села носат исто име, настанокот, потеклото и значењето на имињата се сосема различни и настанати во сосема различни историски периоди и околности. Велешкото село Џидимирци е доста постаро и за него постојат пишани записи од средновековниот период, при што во најстариот историски запис од 1573 година селото е запишано како Жидмирци, а во манастирски поменик од XIV век е запишано и како Жемирци[1]. Според научните истражувачи името на селото означува фамилиска населба, задруга или слично[2], па оттаму, не е исклучено името на селото да потекнува од личното име на некој кој бил основач или стопан на селото на пр. Жидимир (од гл. жадати - сака, пожелува) кое е познато и присутно име во средновековието или пак Хаџи Димитар. Научните истражувања потврдуваат дека името на селото потекнува од личното име Жидимир или од топонимот Жидимир (дол, рид) што подоцна во изговорот било турцизирано при што настанал денешниот облик Џидимирци[3]. За настанокот на името на неготинското село Џидимирци во книгата „Тиквеш и Раец“ од 1914 од Воислав Радовановиќ, е запишано дека на левата страна на Вардар спроти вливот на Велика (Црна Река), е раселено селиштето Драдња, чиј еден дел од жителите христијани преселувајќи се под Кожуф го основале истоименото село Драдња, а близу до селиштето повторно се населило дел од неговото старо население заедно со Јуруци кои населбата ја нарекуваат Хаџи Демирли, подоцна под влијанието на христијаните преобразено во Џидимирци[3]. Селото Џидимирци во Велешко постоело пред доаѓањето на Османлиите кои го затекле и во своите пописни дефтери го запишале како Зидмирци[4], а неготинското село било (повторно) основано од јуруци кои му го дале името Хаџи Демирли. Оттаму, велешкото село Џидимирци има македонско словенско јазично потекло, кое под влијание на турцизираниот изговор го добило денешното име, додека неготинското село Џидимирци има турско јазично потекло кое под влијание на македонскиот јазик и изговор го одбило сегашното име. Сето ова докажува дека настанокот и јазичното потекло на имињата се различни, но со меѓусебното влијание на двете етнички и јазични групи тие се изедначиле и го добиле истото име кое што го носат и денес.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија. Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 200.
  2. Трифуноски Јован. „Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике“. Петти дел. Скопје, 1964 г. стр.73
  3. 3,0 3,1 Радовановиќ, Воислав (1924). Јован Цвииќ (уред.). Тиквеш и Раец - антропогеографски испитувања (српски). 29 (Српски етнографски зборник. изд.). Белград: Српска краљевска академија и Графички завод "Макарије"). стр. 458.
  4. Соколоски, Методија (1976). Турски документи за историјата на македонскиот народ. III. Скопје: Архив на Македонија. стр. 213.