Сопот (Велешко)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Сопот е село во Општина Велес.

Сопот
Сопот (Велешко) 05.jpg

Поглед на селото Сопот

Сопот is located in Македонија
Сопот
Местоположба на Сопот во Македонија
Координати 41°47′26″N 21°43′80″E / 41.79056° СГШ; 21.73889° ИГД / 41.79056; 21.73889 Координати: Секунди географска должина >= 60
Координати: 41°47′26″N 21°43′80″E / 41.79056° СГШ; 21.73889° ИГД / 41.79056; 21.73889 Координати: Секунди географска должина >= 60
{{#coordinates:}}: неважечка геог. должина
Општина Општина Велес
Население 15 жит.
(поп. 2002)
Commons-logo.svg Сопот на Ризницата

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Глетка од селото Сопот

Сопот е село во северниот дел на територијата на Општина Велес[1]. Селото е рамничарско во подножјето на мало возвишение веднаш од левата страна на реката Вардар. Расположено е на надморска височина од 230 метри[2]. Низ самото село минува автопатот Скопје - Велес кој го дели селото на два дела. Од градот Велес е оддалечено 13 километри[3]. Атарот на селото Сопот зафаќа површина од 8,7 km², од кои 203 хектари зафаќа обработливото земјиште, 262 хектари пасиштата, додека 267 хектари отпаѓаат на шумите, со што селото во основа има полјоделска функција[4]. Во непосредната близина на селото Сопот се наоѓа вештачкото велешко езеро „Младост“.

Историja[уреди | уреди извор]

Селото Сопот е едно од постарите села во Велешко, во кои организиран живот се одвивал уште во античко време, а постојат и голем број пишани податоци и споменувања на Сопот низ историјата. Македонскиот просветител Јордан Хаџи-Константинов - Џинот, во својот напис за Велес во „Цариградски весник“ од 1 декември 1854 запишал дека во селото Сопот на 4 часа северозападно од Велес (што одговара со местоположбата на денешното село) се пронајдени 100.000 антики славјански, латински и гречески и на мермерни плочи писма, образи и идоли и други многуцености[5]. Доказ за овој напис на Џинот, како и за божествениот култ кон Александар Македонски е споменикот пронајден во ова село, со натпис посветен на богот Александар, домашните божества Драко и Дракајна и на Јупитер и Хера[6]. Пет години подоцна на 7 март 1859, Јордан Хаџи Константинов - Џинот во својот напис „Велес - статистическо описание“ во „Цариградски весник“, за селото Сопот запишал дека е христијанско село кое има 10 куќи и урнатини од манастирот на средновековниот војвода Радич како и негова крепост[7].

Стопанство[уреди | уреди извор]

Малубројното постојано население, како и некогашните жители на селото кои повремено доаѓаат во него на своите куќи и викендички се занимаваат најмногу со градинарство (домат, пиперки, кромид, лук, марула), пчеларство, лозарство и овоштарство (јаболка, круши, сливи, ореви). Поради одличните услови кои се должат на тревнатите ридови обраснати со нискостеблеста и грмушеста шума во Сопот е застапено и сточарството, односно одгледувањето на кози, а постојат и две трла за овци во горниот дел на селото.

Население[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Сопот живееле 100 жители, сите Македонци.[8]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Сопот имало 120 Македонци, од кои 80 егзархисти и 40 патријаршисти.[9]

Според пописот од 2002 година во селото живеат 15 жители, сите Македонци.[10]

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[11]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 100[8] 120[9] 167 193 194 94 31 10 7 15

Бројот на жители во селото Сопот, драстично опаднал и селото западнало во процес на целосно раселување, во периодот помеѓу 1961 година кога броело 194 жители и 1994 година, кога бројот се намалил на само 7 жители, сите Македонци.[12]. Сепак во периодот помеѓу 1994 и 2002 година, бројот на жители се зголемил за повеќе од двојно, односно за 8 жители, пред се поради повратниците, најчесто постари луѓе и пензионери кои во младоста се иселиле во Велес, а дел и во Скопје. Покрај овие постари луѓе кои се вратиле постојано да живеат, во селото Сопот има и еден млад ученик во основно училиште, Дарко Илиевски, чија сторија околу проблемите со превозот до училиштето во Велес беше објавена на македонските медиуми.

Родови[уреди | уреди извор]

Според податоци од 1935 година, во селото живееле следните македонски православни христијански родови: Галевци, Ангелковци и Нетковци (сите старинци), Гулевци и Давчеви (двата рода од с.Чалошево), Басаровци (од с.Рудник), Кимовци (од с.Лугунци), Гоговци (од с.Отовица), Бошковци (од с.Карабуниште), Ролевци (од с.Кожле) и Шонтеви (од с.Ветерско)[13].

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Цркви и манастири[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Најголем дел од населението е иселен во Велес, а во помала мерка и во Скопје и околните села како Отовица и сосема малку во странство.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://www.veles.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=17&Itemid=40 , исто и Панов Митко. „Енциклопедија на селата во Република Македонија“. Патрија, Скопје, 1998. стр.279
  2. Панов Митко. „Енциклопедија на селата во Република Македонија“. Патрија, Скопје, 1998. стр.279
  3. Панов Митко. „Енциклопедија на селата во Република Македонија“. Патрија, Скопје, 1998. стр.279
  4. Панов Митко. „Енциклопедија на селата во Република Македонија“. Патрија, Скопје, 1998. стр.279
  5. Хаџи Константинов, Јордан - Џинот. Избрани страници - приредил Блаже Конески - Скопје, Мисла, 1987 год. стр.51
  6. Проева, Наде. Александар Македонски - живот и дело. Библиотека Historia Antiqua Macedonica, кн. 10. Скопје, 2012. стр.44
  7. http://www.promacedonia.org/bmark/jhk/jhk_2.htm#7
  8. 8,0 8,1 Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 156.
  9. 9,0 9,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 118-119.
  10. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  11. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  12. Панов Митко. „Енциклопедија на селата во Република Македонија“. Патрија, Скопје, 1998. стр.279
  13. Филиповиќ, Миленко. Северни велешки села. Белград, 1935. стр.553
  14. Панов Митко. „Енциклопедија на селата во Република Македонија“. Патрија, Скопје, 1998. стр.279

Надворешни врски[уреди | уреди извор]