Крајници (село)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Крајници е село во Општина Чашка, во околината на градот Велес.


Крајници
Крајници is located in Македонија
Крајници
Местоположба на Крајници во Македонија
Координати 41°34′12″N 21°46′43″E / 41.57000° СГШ; 21.77861° ИГД / 41.57000; 21.77861Координати: 41°34′12″N 21°46′43″E / 41.57000° СГШ; 21.77861° ИГД / 41.57000; 21.77861
Општина Општина Чашка
Население 15 жит.
(поп. 2002)
Commons-logo.svg Крајници на Ризницата


Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во централна Македонија.

Историja[уреди | уреди извор]

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 2002 година во селото живееле 15 жители.

Родови[уреди | уреди извор]

Крајници е македонско село.

Според истражувањата од 1966-67 година родови во селото се:

  • Староседелци: Бошковци (5 к.), Славевци (7 к.) и Јанкуловци (3 к.) порано живееле во раселеното село Бафтинци, кое се наоѓало во атарот на селото Крајници. Во родот Бошковци се знае следната генеологија Милјан (жив на 72 год. периодот 1966-67) Ристо-Недо-Манасија-Бошко-Мише-Костадин, кој дошол во Крајници средината на 18ти век.
  • Доселеници: Петревци (5 к.) доселени се од некое село во дебарско, ја знаат следната генеологија Борис (жив на 70 год. периодот 1966-67) Јован-Митре-Анѓеле-Петре, кој се доселил во селото; Шијаковци (8 к.) за нив се претпоставува дека се доселени од Шијак во Албанија; Карадоламци (1 к.) доселени се од раселеното село Припор, подалечно потекло од селото Црнилиште, прилепско; Зајковци (1 к.) доселени се во 1915 година од селото Скачинци; Арсевци (1 к.) доселени се од селото Никодин, тиквешко/прилепско; Егејци (2 к.) доселени се од воденско, од селото Горно Родиво.[1]


Иселеништво[уреди | уреди извор]

Иселувањето се одвива за време на индустријализацијата на Македонија во почетокот на седумдессетите години на дваесетиот век.Претежно мештаните од крајници се иселувале во Велес.Крајници не важи за иселеничко место за надвор од македонија а малиот број на иселеници се претечно во западна европа најчесто во Германија.

Целосно се иселени следните родови: Трендевци, Ризовци, Кочовци и Караџовци. За Караџовци се збори дека биле доселени од селото Магарево, битолско. Други иселеници се: Богоевци, Костовци и Крајничани. Првите два рода се иселени во селото Црквино, додека третиот род е иселен во Подлес и Скопје.[1]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Трифуноски, Јован (1968). Област Бабуне и Тополке. Скопје.