Прејди на содржината

Нада Николова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Нада Николова
Слика од Нада Бутникошарева
Роден(а)Нада Бутникошарева Николова
21 јануари, 1919
Војница, Кралство Југославија
Починал(а)16 декември, 1942 (возр. 23)
Војница, Бугарска фашистичка окупирана Македонија
ПочивалиштеВелешката костурница
НационалностМакедонка
Родител(и)Никола Бутникошарев и Сута Бутникошарева
Роднинипостар брат: Благој Бутникошарев помали браќа: Илија Бутникошарев, Јове Бутникошарев и Кире Бутникошарев

Нада Бутникошарева Николова (21 јануари 1919 според други извори е родена во 1920 година[1] во Војница16 декември 1942 во Војница) ― македонска револуционерка и партизанка.[2]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Таа била монополска работничка.[1] Таа е активна како организатор на женското и на синдикалното движење во Велес од 1939 година, а била примена за член на КПЈ од 1940 година и активен учесник во подготовките за оруженото востание, почнувајќи од 1 април 1941 година,[2] кога била избрана за член на Месниот Комитет на СКОЈ - Велес.[1]

Поради големата ангажираност во работата на илегалното движење во градот и подготовките за исфрлање на партизанскиот одред, нејзината активност и била позната на бугарската полиција, поради што се илегализирала. Во почетокот на 1942 година била член на Комисијата за работа со жените. Во нејзиниот дом и во бавчата на зеленчук, престојувале илегалци, се одржувале состаноци на СКОЈ и МК и кај неа била сместена партиската техника.[1]

Во пролетта 1942 станала борец во велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“ и учествувала во сите негови вооружени акции. На 27 декември, вo една акција на одредот против бугарската полиција и војска, кај местото Фојничка пештера заrинала, борејќи се до последниот куршум.[1][2]

Една улица во градот Велес го носи нејзиното име.[3]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 1010.
  2. 2,0 2,1 2,2 Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 230. ISBN 978-608-203-023-4.CS1-одржување: датум и година (link)
  3. „Велес“. Посетено на 2025-02-23.

Литература

[уреди | уреди извор]

Ѓорѓи Малковски - Нада Бутникошарева