Дачо Јотов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дачо Јотов
Роден Трстеник, Бугарија  Османлиско Царство
Починал 25 ноември 1911
Војница, Велешко  Османлиско Царство

Дачо Јотов — бугарски револуционер, велешки војвода на Внатрешната македонска револуционерна организација и подоцна сооработник на Младотурците.

Животопис[уреди | уреди извор]

Дачо Јотов е роден во Трстеник, денес во северниот дел на Бугарија. Влегува во редовите ВМОРО и учествува во Илинденското востание. Во 1904 година Дачо Јотов е четник во Велешко во четата на Стефан Димитров. Секула Ораовдолски, заедно со Велко Попадиски и Дачо Јотов го убиваат вујкото на Секула, попот Чурја, кој се поставил во услуга на српската пропаганда во Македонија. После смртта на Стефан Димитров, Дачо Јотов е четник при поручник Панчо Константинов, после чијашто смрт во јуни 1906 година дејствува во велешката околија заедно со Велко Попадиски. Револуционерот Петко К’нев со следните зборови го опишува Дачо Јотов:

Дачо не се ползуваше со добро име и навраќал само во селото Бистрица.

Четата на Дачо Јотов дејствува против српските чети во Бистричките планини. На 15 април 1907 година во меснсота Јаворот кај велешкото село Црешнево четата паѓа во заседа на четата на српскиот војвода Тренко Крапјанин и србоманската милиција од Поречието. Но благодарение на добрите односи на ВМОРО со кехајата на Теовскиот манастир Ќамил Ага, пристигнатата турска потера ја напаѓа српската чета, која дава 15 жртви.

После Младотурската револуција Дачо Јотов се легализира и во април 1909 година учествува во походот кон Цариград, заедно со Јане Сандански и Христо Чернопеев. По касно започнува да работи за младотурската власт и учествува во акцијата на Младотурците за разоружување на населението и четите. Добива ултиматум од велешкиот војвода Мирчо Атанасов или да се врати во четата, или да го напушти Велешко и да замине засекогаш за Бугарија. Велешкиот војвода Мирчо Атанасов, гледајќи како Дачо Јотов од ден на ден станува сè поголем ожесточен народен враг, го заловува жив во велешкото село Војница, му ја прочитал смртната пресуда и го убива Дачо Јотов на 25 ноември 1911 година.[1][2]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Аврамов, Стефан. Революционни борби в Азот (Велешко) и Поречието, Материяли за историята на македонското освободително движение, книга X, Македонски Научен Институт, София 1929, стр.180.
  2. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 68.