Обрамос (Војница)
Изглед
„Обрамос“ | |
| Местоположба | 41°37′44″N 21°43′38″E / 41.62889°N 21.72722°E |
| Основни податоци | |
|---|---|
| Место | Војница |
| Општина | Чашка |
| Тип |
|
| Период | римско време |
| Портал „Археологија“ | |
Обрамос — археолошко наоѓалиште во велешкото село Војница, Општина Чашка. Претставува населба од римско време.
На околу 4 км северозападно од селото и околу 1 км пред утоката на реката Бела Вода (Белка) во Бабуна, на површина од 3 ха се среќаваат фрагменти од керамички садови, тегули, имбрекси и големо количество кршен камен.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 64. ISBN 9989-649-28-6.
