Виолета Ачкоска
Виолета Ачкоска | ||
![]() |
Виолета Ачкоска (Охрид, 9 април 1954) — македонски историчар и универзитетски професор.[1]
Животопис[уреди | уреди извор]
Ачкоска е родена во Охрид на 9 април 1954 година. Во 1977 година дипломирала на Филозофскиот факултет во Скопје, група Историја. На истиот факултет магистрирала во 1988, докторирала во 1993 со тезата „Аграрот и селото во Македонија 1945-1955 година“. Водела неколку домашни и учествувала во неколку странски и домашни проекти.
Научниот интерес и досегашните објавени трудови на Ачкоска може условно да се подели на неколку научни области:
- Историја на Македонија и македонскиот народ, при што поголемиот број на трудови се однесуваат на аграрната и економската историја, потоа на политичката историја (меѓуетничките односи и репресијата во комунизмот), историјата на образованието и културната историја.
- Методологијата на историската наука
- Методиката на наставата по историја
Библиографија[уреди | уреди извор]
Како автор и соавтор објавила околу 25 книги (монографски и други историографски трудови, учебници и учебни помагала и групни изданија), повеќе од 75 научни статии и поголем број други стручни прилози (прикази, презентации, фељтони, интервјуа, написи во печатот, промотивни слова итн.):
- „Аграрната реформа и колонизацијата во Македонија (1944 - 1953)“ [1]
- „Репресијата и репресираните во најновата македонска историја“, заедно со Никола Жежов, Скопје : Макавеј, 2005.[2]
- „Предавствата и атентатите во Македонската историја“, заедно со Никола Жежов [3]
- „Осознавање на историјата“ (заедно со Даринка Петреска), Скопје, 2007.[4][мртва врска]
- „Егзодусот на македонското селанство во социјализмот“, Скопје, 2007.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Makedonska bibliografija: Statii i prilozi (1-2. изд.). NUB "Kliment Ohridski,". 2000.