Ѓорѓи Малковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ѓорѓи Малковски
Роден 24 јуни 1957(1957-06-24)(66 г.)
Велес, НР Македонија, ФНРЈ
Националност Македонец
Народност Македонец
Занимање историчар

Ѓорѓи Малковски (роден на 24 јуни 1957 година во Велес) — македонски историчар, научен советник и редовен професор во Институтот за национална историја во Скопје.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Основно училиште и гимназија завршил во родниот град (1976), а потоа дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје – Група историја (1. Ⅹ 1980), каде што и магистрирал со темата „Дејноста на бугарската профашистичка организација Браниик во Македонија 1941-1944 година“ (7. Ⅲ 1989) и докторирал со темата „Профашистичките и колаборационистичките организации и групи во Македонија 1941-1944 година“ (декември 1994). Од 1 октомври 1981 година работи во Институтот за национална историја во Скопје како истражувач на Македонија во времето на Втората светска војна. Автор е на поголем број монографски трудови.

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Велес и Велешко во Народноослободителната војна 1941–1945. Спомен книга на загинатите борци во НОВ и жртви на фашистичкиот терор од Велес и Велешко, Титов Велес, 1985 (соавтор)
  • Монополот во Велес 1919–1945 година, Титов Велес, 1988
  • Борба за слобода, Титов Велес, 1989
  • Свети Николе и Светиниколско од 1912 до 1945 година, Свети Николе, 1990
  • Живееја, се бореа и загинаа во виорот на Револуцијата 1941–1945, Спомен книга на загинатите борци и жртви на фашистичкиот терор од Свети Николе и Светиниколско, Свети Николе, 1990 (соавтор)
  • Бугарската фашистичка организација „Браник“ во Македонија (1941–1944), Скопје, 1992
  • Профашистичките и колаборационистичките организации и групи во Македонија 1941– 1944, Скопје, 1995
  • Крива Паланка и Кривопаланечко низ историјата, Крива Паланка, 1996 (соавтор)
  • Виница и Виничко, Виница, 1998
  • Демир Капија, Демир Капија, 1998
  • Националното движење во Велес од 1919 до 1931 година, Велес, 1998
  • Јовче Џипунов и неговата активност од 1919 до 1931 година, Велес, 1998 (соавтор)
  • Трајко Андреев–Петкановски 1919-1943, Велес, 1998 (соавтор)
  • Долна Бањица – Асаги Баница е Поштме, Кочани, 2000
  • Чашка низ историјата, Чашка, 2001
  • Општина Зелениково, Зелениково, 2001
  • Балисти, Скопје, 2002
  • Политичките партии и организации во Македонија во Втората светска војна 1941-1944 година, Скопје, 2002
  • Горно Лисиче - Скопско, Скопје, 2002
  • Кисела Вода во Втората светска војна 1941-1944 година, Скопје, 2003
  • Бунтот на моторизираниот пешадиски баталјон од Кривопаланечко, 2018

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Малковски“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 906. Text "series " ignored (help)