Црква „Св. Спас“ - Велес
Свети Спас | |
Влезот во црквата, заедно со камбанаријата, 2015 година. | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Повардарска |
| Архијерејско намесништво | Велешко |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°42′25″N 21°47′20″E / 41.70694°N 21.78889°E |
| Место | Велес |
| Општина | Велес |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Исус Христос |
| Изградба | среден век |
| Архитектонски опис | |
Св. Спас (Вознесение Христово) — црква во градот Велес. Му припаѓа на Велешкото архијерејско намесништво во Повардарската епархија на МПЦ - ОА. Прогласена е за културно наследство на Македонија.[1]
Црквата е сместена на левата страна нана Вардар, во југоисточниот дел на градот. Лежи на неколку стотини метри од последните куќи во горниот дел на Прцорек — Рамина. Изграден е на ридот Свети Илија, спроти поголемата црква „Св. Пантелејмон“ на спротивниот брег. Се претпоставува дека датира од XIV век, веројатно од стар манастир, а обновена е во XIX век.[2] Во 1837 г. прворечките првенци издејствувале дозвола за два месеца да изградат храм во јужниот дел на градот, на местото на старата црква, и со работно учество на целото население успеале брзо да ја изградат „Свети Спас“, осветена од владиката Игнатиј Велешки. Уште од самиот почеток, богослужбата се одвивала на црковнословенски.[3]
Последните зографски работи се дело на прочуениот велешки зограф Ѓорѓи. Во јужниот дел на црквата се гробовите на видни граѓани, ктитори. Во црковниот двор е гробот на преродбеникот Јордан Хаџи Константинов-Џинот. Иконата на Ное е од 1817 година, а иконата на апостолите Петар и Павле датира од 1819 година. Впечатливата камбанарија била изградена по 1912 година.[2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
- 1 2 „Црква Свети Спас“. Општина Велес. Архивирано од изворникот на 2022-06-22. Посетено на 25 октомври 2013.
- ↑ Кънчов, Васил. Сегашното и недaвното минало на град Велес, во: Избрани произведения, т. II, Издателство Наука и изкуство, София 1970, стр. 219 - 220. Посетено на 25 октомври 2013.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Спас“ - Велес на Ризницата ?
| |||||||||||||


