Куќа на Паунови

Од Википедија — слободната енциклопедија
Куќа на Паунови
Поглед на куќата
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Видкуќа
Стилпреродбенички
Адресаул. „Јован Алабакот“ бр. 10
ГрадВелес
Земја Македонија
Завршена1868
Урната2019

Куќа на Паунови — стара куќа во градот Велес, Македонија. Куќата била изградена во староградски стил во 1868 година, додека во 2019 година била опфатена од пожар и целосно срушена[1].

Објектот е прогласен за културно наследство на Македонија[2][3]

Историја[уреди | уреди извор]

Куќата на Паунови се наоѓа во велешкото маало Прцорек, на улица ул. „Јован Наумов - Алабакот“ бр. 10. Изградена е во 1868 година, во месноста Варналиите заедно со соседните Куќа на Тренчови, Куќа на Чокалови и Куќа на Прнарови.

Во овој комплекс од куќи биле снимени сцени од филмот „Мис Стон“ а се појавуваат и на македонската туристичка кампања „Македонија Вечна“ во режија на Милчо Манчевски.

На 20 декември 2019 година во куќата избувнало пожар, по кое куќата била целосно опожарена и срушена. Од пожарот починал и сопственикот на куќата Миле Паунов. Од пожарот била оштетена и соседната куќа на Маневи, која исто така била срушена[1]. Веднаш по пожарот, Управата за заштита на културното наследство му наложила на одделот на Конзерваторскиот центар надлежен за Велес да ги сними објектите и да направи проект за реконструкција на изгорените куќи на Паунови и Маневи[4].

Архитектура[уреди | уреди извор]

Основата на куќата била правилна и се развивала на три нивоа. Куќата била пространа, составена од приземје и два ката. На неа доминирале чардакот и прозорците. Особено бил впечатлив ентериерот во кој доминирале детали од традиционалниот староградски стил.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Изгоре знаменитоста на Велес, куќата на Паунови, една од петте заштитени кај Варанлиите“. П. Печков. sdk.mk. 21 декември 2019 година. Посетено на 5 септември 2020 година. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help); Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  2. „Куќата на Тренчови, Комплекс Варналии, Велес / 1868“. Моника Крстевска. marh.mk. 28 април 2016 година. Посетено на 5 септември 2020 година. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help); Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  3. „Комплекс Варналии“. visit.veles.gov.mk. Посетено на 5 септември 2020 година. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help); Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  4. „Управата за зашита на културното наследство баа пари за реконструкција на изгорените куќи во Велес“. Владимир Тевчев. 24.mk. 26 декември 2019 година. Посетено на 5 септември 2020 година. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help); Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]