Куќа на Тренчови
| Куќа на Тренчови | |
|---|---|
Страничен поглед на куќата | |
![]() | |
| Општи податоци | |
| Статус | споменик на културата |
| Вид | куќа |
| Стил | преродбенички |
| Град | Велес |
| Земја | |
| Завршена | 1868 |
| Технички податоци | |
| Катови | 3 |
Куќа на Тренчови — стара куќа во градот Велес од времето на Македонската преродба. Прогласена е за значајно културно наследство на Македонија во 1964 г.[1][2][3]
Историја
[уреди | уреди извор]Куќата е сместена во населбата Прцорек, на ул. „Јован Наумов Алабакот“ бр. 5. Изградена е околу 1868 година во месноста Варналиите. Во нејзиното соседството се други знаменити домови како Куќата на Паунови (бр. 10), Куќата на Чокалови (бр. 7)[4] и Куќата на Прнарови (бр. 3) со кои образува впечатлив комплекс.[1][5]
Во Куќата на Тренчови се снимани сцени од неколку филмови, меѓу кои и „Мис Стон“ од 1958 г.[1]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Поради особеностите на теренот, куќата има тесна фасада кон улицата. Се состои од приземје и два ката. Приземјето и првиот кат се изградени од камен и се пониски, додека пак вториот кат е од бондручна градба и е еркерно испуштен. На него има големи прозорци, опшивен венец и други украси.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 4 „Куќата на Тренчови, Комплекс Варналии, Велес / 1868“. МАРХ. 28 април 2016. Занемарен непознатиот параметар
|access=(се препорачува|access-date=) (help); Недостасува права црта во:|access=(help) - ↑ „Куќата на Паунови и Тренчови“. Центар за дигитализација на националното наследство. Архивирано од изворникот на 2017-09-24. Посетено на 23 септември 2017.
- ↑ „Комплекс Варналии“. Visit Veles. Посетено на 23 септември 2017.[мртва врска]
- ↑ Светиева, Анета (1992). Резбарени тавани, долапи и врати во Македонија. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“. стр. 249.
- ↑ Печков, Петар (16 март 2015). „Потребна е целосна реконструкција а не само нови фасади на куќите кај Варналиите“. Ти Реков Ми Рече - Сè за мојот Велес.
