Куќа на Чокалови

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Куќа на Чокалови
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Типкуќа
Стилпреродбенички
ГрадВелес
Земја Македонија
Завршена1868
Технички податоци
Катови3

Куќа на Чокалови — стара куќа во градот Велес од времето на Македонската преродба. Прогласена е за значајно културно наследство на Македонија во 1964 г.[1][2][3]

Историја[уреди | уреди извор]

Куќата е сместена во населбата Прцорек, на ул. „Јован Наумов Алабакот“ бр. 7. Изградена е околу 1868 година во месноста Варналиите. Во нејзиното соседството се други знаменити домови како Куќата на Паунови (бр. 10), Куќата на Тренчови (бр. 5) и Куќата на Прнарови (бр. 3) со кои образува впечатлив комплекс.[1][3]

Оваа градба, како и другите во комплексот, е карактеристичен претставник на традиционалната староградска архитектура во Велес од XIX век. Има забележително убави резбани тавани и други елементи својствени за традиционалното градителство.[1][3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Печков, Петар (16 март 2015). „Потребна е целосна реконструкција а нe само нови фасади на куќите кај Варналиите“. Ти Реков Ми Рече - Сè за мојот Велес.
  2. „Куќата на Паунови и Тренчови“. Центар за дигитализација на националното наследство. Посетено на 23 септември 2017. Архивирано на 24 септември 2017 г.
  3. 3,0 3,1 3,2 Светиева, Анета (1992). Резбарени тавани, долапи и врати во Македонија. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“. стр. 249.