Црква „Св. Ѓорѓи“ - Велес
Свети Ѓорѓи | |
Внатрешноста на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Повардарска |
| Архијерејско намесништво | Велешко |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°43′13.7″N 21°47′22.7″E / 41.720472°N 21.789639°E |
| Место | Велес |
| Општина | Велес |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Ѓорѓи |
| Изградба | XVIII век |
| Архитектонски опис | |
Св. Ѓорѓи — православна црква (или параклис) во градот Велес. Му припаѓа на Велешкото архијерејско намесништво во Повардарската епархија на МПЦ - ОА. Прогласена е за културно наследство на Македонија поради нејзиното значење за народната просвета во Македонија.[1]
Црквата се наоѓа на ул. „Богдан Каракостев“ бр. 17 во населбата Прцорек,[2] на северноисточната страна на Велес. По надворешниот изглед не се разликува од куќите околу неа, но внатре е нормална црква со олтар, иконостас и повеќе икони. Нема точни податоци за времето на нејзината изградба. Според едни извори таа е изградена во 1740 г. а според други во 1766 г. Вториот податок е земен од годината на една икона во црквата „Св. Богородица“ за која се смета дека е најстара икона во Велес.
Историско значење за македонската просвета
[уреди | уреди извор]Во месноста Прцорек образованието се одвивало уште од XVIII век, водено од калуѓер и калуѓерка.[2]
Во 1857 г. во оваа црква станала првото училиште во земјата во кое учело на македонскиот јазик и писмо според тврдењето на градските историчари. Тука предавал преродбеникот Јордан Хаџи Константинов-Џинот, и оваа скромна установа се смета за негов напор. Наставата се одвивала на два ката — на приземјето биле машките, а на горниот дел биле женските ученици. Тука се одржувале претставите на неговите драмски дела.[2] Тогашните македонски просветари се соочувале со значителни потешкотии бидејќи наставата на македонски, како и поддршката за македонска национална свест биле забранувани и напаѓани од грчката, турската, бугарската интелегенција која имала цел да го претопи македонското население.[3]
До 1905 г. црквата била имот на Рилскиот манастир, по што била запоставена.
Храмот се отвора за јавноста двапати во годината: за Ѓурѓовден на пролет и Свети Ѓорѓија на есен.[2]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Портите на црквата
- Икони на ѕид
- Поглед на внатрешноста
- Спомен-плоча за училиштето
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
- 1 2 3 4 Печков, Петар (9 декември 2013). „Параклисот Св. Ѓоргија, најстарото училиште во Македонија го чествуваше празникот“. Ти Реков Ми Рече. Посетено на 30 ноември 2021.
- ↑ „Останати цркви во Велес“. Повардарска епархија. 14 јуни 2007. Посетено на 30 ноември 2021.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Ѓорѓи“ - Велес на Ризницата ?
| |||||||||||||


